Robbie Williams Роби Вилијамс
Потребно време за читање: 3 минути

Освен постојаното, од минута во минута информирање за актуелностите во светот, новинските агенции ги „покриваат“ и секојдневните обични и необични настани и случувања на и за ѕвездите од шоу-бизнисот.

Незнајно за Роби Вилијамс, Џони Деп и Анџелина Џоли, Кејт Ричардс

Роби Вилијамс (Robbie Williams)

Роби Вилијамсе познат и според својата опседнатост од паранормални појави: Пејачот раскажал како изгледала неговата средба од трет вид со необични гости.

„Неколку пати во животот видов нешто што било необично, но средбата во вистинска смисла на зборот се случи еднаш кога отседнав во луксузен хотел на Беверли Хилс. Беше час ипол пред полноќ и бев сосема трезен. Во друштво со мене беше и една жена која би можела да потврди сѐ, но нејзиниот идентитет нема да го откријам зашто е мажена.

Седевме на огромна тераса кога небото наеднаш се замрачи. Не се гледаше ниту една ѕвезда. На стотина метри од нас се спушти квадратен објект, стоеше таму кратко и потоа исчезна“.

Со оглед на минатото на пејачот прошарано со алкохол и дроги, некој веројатно ќе заклучи дека тоа само му се присторило. Но Роби, кој денес живее мирен семеен живот со сопругата Ајда Филд во Лос Анџелес, тврди дека сретнал вонземјанин и му е чудно оти луѓето мислат дека тие не постојат.

Прочитај и за ... >>  Случено за паметење

Џони Деп (Johnny Depp)

Џони Деп поради Анџелина Џоли имал проблеми со негова поранешна девојка.

Најпопуларниот холивудски глумец раскажал како изгледала неговата прва средба со неа пред снимањето на заедничкиот филм „Турист“ („The Tourist“):

„Се расприкажавме за своите деца, беше баш опуштено. Сфативме дека имаме многу заедничко кога е во прашање одгледување на деца. Анџелина е една мошне самоуверена „кул“ жена. Морам да признам дека пријатно ме изненади со својата мошне перверзна смисла за хумор“.

И Џоли признала дека била мошне нервозна чекајќи го Џони во неговата канцеларија која вели дека е преполна со фотографии на неговата невенчана сопруга Ванеса Парадис и нивните деца.

„Џони е вистински уметник, се гледа тоа во начинот на кој зборува, оди, размислува. Воопшто не ме разочара“, заклучила таа.

Во филмот Џони Деп го игра американскиот турист Френк Тејлор кој ја заведува убавицата на Интерпол Кара Мејсон, што ја глуми Анџелина Џоли.

Во врска со него се случила жестока љубоморна реакција на Ванеса. Во една сцена на туширање Деп ја крева гола Анџелина и ја „прилепува“ на стаклото на туш кабината. Додека таа своето голо тело го стиска до Деповото и страсно го љуби, тој и возвраќа со иста мера.

Прочитај и за ... >>  Рокерите умираат порано. Зошто?

Анџелина Џоли (Angelina Jolie)

Сцената на голата Анџелина Џоли во цврста и сигурна прегратка на Џони Деп требало да биде врв на нивниот трилер, но се чини дека долгогодишната девојка на Деп, француската пејачка Ванеса Парадис, извојувала од филмот да се исфрлат експлицитните сексуални сцени.

Ванеса, со која славниот глумец има две деца, била толку тажна кога во сценариото ја прочитала страсната сцена што го молела да се повлече од проектот. Деп не ѝ удоволил, а Ванеса почнала посилно да притиска. Кавгата завршила така што Деп ѝ одговорил дека баш сака да ја сними сцената под туш.

Наводно со нивните деца таа ненајавена доаѓала на сетовите што се снимале во Париз, а за да го сочува мажот на својот живот не ѝ било тешко да седне во авион и истото да го повтори во Венеција.

Наводно таа сцена толку ја разлутила што на Деп му мавтала со прст пред носот и викала: „Додека си со мене, нема туширање со Анџелина Џоли“. Не чекајќи го одговорот на Деп на испадите на лутина и љубомора, го повикала продуцентот и барала да се исфрлат скокотливите сцени под туш, а тоа наводно ѝ било ветено;

Прочитај и за ... >>  За вкусот на политичарите во облекување

Кејт Ричардс (Kate Richards)

Нешто необично поврзано со Кејт Ричардс, гитаристот на „Ролингстонси“

Тој завршил курс и станал библиотекар. Поседува илјадници книги, а научиул како да ги архивира. Тоа била негова дамнешна желба.

Малку е познато дека гитаристот е вистински „книшки молец“. Илјадниците книги ги сместил во своите вили во Америка и Британија. Забрзаниот курс учи смислено архивирање, а потоа сместување во голема приватна библиотека. Од својата ризница на познајниците често им позајмува книги и ги задолжува да му ги вратат, тврдат извори кои прочитале нешто од неговата автобиографија. Во неа тој наводно опишал дека неговата љубов спрема книгите потекнува од детството, кога како дете во повоените 50-ти години во Лондон спас од суровата стварност пронашол во читање книги.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here