fbpx

Успокојување

Јанѕи од јава во јазол

Веќе доста долго
може дури предолго
трае неговото последно
успокојување
по многу беспокојни
приклученија
кои некако успеал
да ги преброди.

Се работи за премин
од една во друга
состојба на духот
и од една до друга
преобразба на телото.

Истовремено е крајно
задоволен оти веќе нема
ниедна негова јанѕа
од јава во јазол на свет
и заумен и стварен
која тргнува
од мразнина
или од жештина
за да заврши
во говор незаживеан.  

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Новота, стихозбирка, 72

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.