fbpx Прескокни до главната содржина

Убедливо

Камено небо

Не убедувај залудно.
Доста
залудно се убедуваш
дека сите со тебе
се убедени оти си
доволно убедлив.

Ние убедливо
кон живо по мртво
во свет што стои
во место убеден
дека е сè убедено
назад за конечно
или одново пак
да се убедуваме
колку ќе бидеме
утре како вчера.

Што би правеле
ние сами убедени
дека нема потреба
уште да се убедуваме
колку сме убедливо
стамени
и на себеси верни.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија игриви песни, 52

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.