Потребно време за читање: 4 минути

Вест што што го потресе светот:

Во тешка авионска несреќа на мадридскиот аеродром „Барахас“ загинаа 153 лица, потврди шпанското Министерство за внатрешни работи. Авионот на компанијата „Спанер“, кој требал да стаса на Канарските острови, иоспаднал околу 14.30 часот по локално време од пистата, по што од него почнал да избива чад. Исто така е потврдено дека 19-мина патници се потешко повредени. Нема информации дали помеѓу загинатите имало и странски државјани.

Во авионот, заедно со членовите на екипажот, се наоѓале 172 лица.

„Се обидуваме да ги насочиме сите наши напори за помагање на роднините на жртвите. Воспоставивме посебна телефонска линија и носиме тим на посебно обучени луѓе да помогнат. Правиме се што е во наша моќ да им помогнеме на патниците, на нивните роднини и на шпанските власти. Во моментов немаме точни сознанија за причината за несреќата, ниту за точниот број на жртви“, изјави Хенриет Елекрог, портпарол на авиокомпанијата „САС“.

Во моментот кога се случила несреќата, авионот полетувал на повеќечасовен лет во Лас Палмас. Мадридскиот аеродром е делумно затворен. Членови на семејствата на патниците се во зградата за да ја дознаат судбината на своите најблиски. Властите им понудиле психолошка помош.

Екипи на брзата помош, противпожарни возила се на местото на несреќата. Временските прилики во Мадрид во времето на несреќата биле погодни.

Авионот што се урна е од типот Мекдоналд Даглас 82, летало кое обично се користи за кратки летови низ Европа. Шпанската авиокомпанија е подружница на скандинавската авиокомпанија „САС“, има високи безбедносни стандарди и многу мал број на несреќи.

Прочитај и за ... >>  „Нестандардни“ настани во светот

Се уште не е позната причината за несреќата, но постои сомневање дека се запалил мотор на авионот. Очевидци на несреќата тврдат дека од левиот погонски мотор почнал да избива пламен.

Според информациите во некои шпански медиуми, авионот се распаднал на два дела, по што удрил во тлото и избил пламен. Една шпанска новинарка за Си-Ен-Ен изјави дека преживеана патничка и рекла оти во моментот на уривањето слушнала експлозија и видела оган во задниот дел на авионот.

Црниот густ чад беше видлив со километри од местото на несреќата.

Пред вакви трагедии човек останува ужаснат, нем, во длабок молк и пак, по којзнае кој пат, со едно поразително сознание:

Колку е миговен животот. Освен во спомените. И во сочувството спрема најблиските на загинатите.

Едно прашање што си го поставувам во овој миг:

Дали авионските несреќи во светот се чести или ретки?

Да, одговорот е дека се ретки оние со многу загинати. Но колку „многу“? 10-тина, 30-тина, 70-тина, 100-тина, 130-тина, 170-тина луѓе…?

А која трагедија е поголема (имајќи предвид „многу“ загинати): при полетување, при слетување, во текот на летот? Сите се исти?

Во последниве 10-тина години се случиле 15-тина несреќи во текот на полетувањето и слетувањето на авиони, а ги поврзуваат катастрофални последици:

6-ти февруари 1996-та: во Боингот 757 на турската компанија „Биргенер“ непосредно по полетувањето од Пуерто Плате во Доминиканската Република откажале два брзинометра, што предизвикало пад на леталото. Притоа загинале 189-мина патници;

30-ти јануари 2000-та: Ербас А310 се урнал минута по полетувањето во Абиџан, на Брегот на Слоновата Коска. Лажната тревога во кокпитот е веројатна причина за метежот кој притоа настанал. Загинале 169-мина луѓе;

Прочитај и за ... >>  Уште една авионска несреќа

25-ти јули 2000-та: контролната кула на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ ја испратил следната порака: „Конкорд се урна во близина на Бурже“. Во несреќата на надзвучниот авион загинале 113-мина луѓе. Истрагата открила дека авионот при полетувањето минал преку метален дел кој отпаднал од летало што полетало порано. На Конкордот пукнала гума чии делови удриле во крилјата. Притоа настанал притисок во резервоарот кој довел до негово пукање, а керозинот што истекол се запалил. Конкордот се урнал и експлодирал;

23-ти август 2000-та: Ербас 320 на компанијата „Гулф Ер“ се урнал в море при повторен обид да слета на аеродромот Манама во Бахреин. Загинале 143-ца патници и членови на екипажот;

3-ти јануар и 2004-та: египетски Боинг 737 паднал во Црвеното море непосредно по полетувањето од летувалиштетот Шарм Ел Шеик. Загинале 148 лица;

5-ти септември 2005-та: на север на Суматра се урнал Боинг 737-200 непосредно по полетувањето. Притоа загинале 102-ца патници и 47 лица на земјата кои ги усмртиле делови од авионот во пад. Преживеале 15-мина патници во опашот на авионот;

22-ри октоврми 2005-та: Боинг 737-200 на „Белвју Ерлајнс“ од Нигерија со 117-мина патници се урнал кратко по полетувањето во близина на Лагос. Не преживеал никој од патниците и членовите на екипажот;

10-ти декември 2005-та: ДЦ-9 на „Сосолисо Ерлајнс“ од Нигерија се урнал при слетувањето во Порт Харкурт. Загинале 106-мина патници, а 4-ца преживеале;

Прочитај и за ... >>  Нова македонска Влада

3-ти мај 2006-та: Ербас А-320 на американската компанија „Армавија“, во кој имало 113-мина луѓе, се урнал в море поради лошо време, во обид да слета кај руското летувалиште Сочи. Немало преживеани;

9-ти јули 2006-та: рускиот Ербас А-310, на компанијата „Сибир“, со 195-мина патници и 8-мина членови на екипажот, се урнал при слетување во Иркутск во Сибир. Според наводите на властите загинале 122 лица;

22-ри август 2006-та: во пад на руски патнички авион од типот „Тупољев 154“, во Украина загинале сите 170-мина патници. Леталото на компанијата „Пулково Ерлајнс“ се наоѓало на пат од јужнорускиот град Анапа во Санкт Петербург;

27-ми август 2006-та: патнички авион на компанијата „Комер“ паднал непосредно по полетувањето во Лексингтон, во американската сојузна држава Кентаки. Од 50-мина патници и членови на екипажот преживеал само еден. „Комер“ е фирма во сопственост на американската авионска компанија „Делта“;

5-ти мај 2007-ма: кениски авион од типот Боинг 737 се урнал во Камерун непосредно по полетувањето. Загинале сите 114 лица, колку што имало во леталото;

17-ти јули 2007-ма: во една од најтешките авионски несреќи во Бразил загинале 199-мина луѓе. Ербас А320 на компанијата „ТАМ“ при слетување не успеал да запре на пистата, преминал преку сообраќајна улица и удрил во зграда и бензиска пумпа. Притоа изгореле и зградата и авионот;

30-ти ноември 2007-ма: во пад на авион на турската компанија „Атласџет“ загинале 56 лица. Авионот се подготвувал за слетување на аеродромот Испарта, на југозапад на Турција, кога наеднаш исчезнал од радарот и паднал во планинско подрачје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here