Потребно време за читање: 3 минути

Македонската национална установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“ е основана на 24.03.1949. година, со Одредба издадена од властите на 3. март 1949. Во неа се наредени неговите „задолженија“:

„1. Да ги одржува, развива и негува уметничките вредности на народните игри
2. Да ги одржува, обработува и развива народните песни
3. Да гради програм со фолклорни народни танци и песни и на уметнички начин јавно да ги презентира“.

Формирањето на ансамблот било насушна потреба од институција од овој вид, а за одржување, негување, чување и збогатување на македонскиот фолкор.

Прв официјален настап

Првиот официјален настап го имал на 24.06.1950. година, а наредниот месец и првото претставување во странство, во Ланголен-Англија. Притоа е забележано дека изведбата на „Тешкото“ ги воодушевила публиката и стручното жири: освоено е првото место со максимален број на поени.

Оттогаш „Танец“ одржал илјадници концерти на сите големи сцени во Македонија и светот, вклучувајќи ги и прочуените Карнеги хол и Сиднејската опера.

Од редовите на овој ансамбл излегле плејада македонски уметници: Васка Илиева, Александар Сариевски, Вања Лазарова, Пеце Атанасовски, Јонче Христовски и др., како и голем број на играорци – Д. Матевски, А. Коларовски, Г. Василев, С. Каранфилов и др.

Прочитај и за ... >>  Базилика

Поради својот голем придонес во негувањето и презентирањето на македонскиот фолклор, „Танец“ го нарекуваат „академија на македонскиот музички фолклор“.

На репертоарот на „Танец“ се стотици кореографски постановки и неколку стотици народни песни и ора, а се издерлуваат: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и други. Според едно истражување на Е. Дјунин и С. Вишински, од 90-тите години на 20. век над 80% од сите кореографски постановки во Македонија потекнуваат од „Танец“. Некои од нив, како што се „Тешкото“, „Невестинско“, „Драчевка“, „Калајџиско“ и др., се антологиски.

Носии

Веќе повеќе од шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство.

За успехот на „Танец“ говорат бројните добиени бројни државни награди и признанија, а е добитник на Орден на заслуги за Република Македонија.

“Танец” има учествувано на над 4. 500 концерти и подиуми во земјата и во светот.

Прочитај и за ... >>  Книжевен речник: историја, теорија, критика

Од web сајтот на „Танец“ (http://www.tanec.com.mk/)

„Покрај негувањето на фолклорното творештво, “Танец” веќе шест децении народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои представуваат амблем на македонската култура.

(…)

Во шеесетгодишното презентирање на фолклорното творештво кај нас и во светот, Ансамблот има настапено на над 4500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители.За успешноста на овој наш презентeр зборуваат големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добивани по разни поводи, концерти и сл., меѓу кои: највисокото државно признание “Орден за заслуги за Македонија”, републички награди “11 Октомври”, “Климент Охридски”, “13 Ноември” на град Скопје, и други.

(…)

Во својата благородна културна мисија, “Танец” е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората. Во таа смисла, се организирани и голем број концерти во сите земји каде што живеат македонски иселеници.Тој континуирано ги помага културно – уметничките друштва во земјава и во странство во квалитетното поставување и пренесување на играорната традиција“.

Прочитај и за ... >>  Мажите и часовниците

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here