Потребно време за читање: < 1 минута

34. Потамина


Потамина станав рано пред зори,
потамина избрав пат во беспатје,
потамина тргнав кон празнина
меѓу луѓе.

Потамина сретив голи и боси
млади и стари снеможени,
потамина догледав дека немаат
со ништо снага да си поткрепат.

Потамина заедно го загледавме
изгрејсонцето,
потамина долетаа од никаде
птици појни,
потамина со нив викнавме
песни јуначки.

Потамина пак обеснажив,
потамина пак урнисав,
потамина пак разнебитив
празнина меѓу луѓе
сосе празнината во мене.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here