Што било

Препев на пев и повев

Нешто што било
било како било
или може нешто
било ко да не било.

Според сè видено
чуено предвидено
и согледливо
сеедно е што било
па силите треба
да ги насочиме
кон што можеби
ќе биде допрва.

Јас се прашувам
дали некогаш
ќе биде што било
за колку да се мисли
што било
исто како никогаш
да не било.

=== Бесплатно рекламирање ===
Licevlice.mk

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 68

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.