fbpx Прескокни до главната содржина

Секидневие, Потребности, 7-9

Секидневие, дело во создавање, автор: Љупчо Димитровски

7. Часовник без клатно

Не е на ѕид
за да мери време
туку е заборавен
на него.

Како одамна
да мерел времиња
на мртви предци.

Нема клатно
а има сказалки
запрени на полноќ.

Многу е веројатно
клатното да му е
заробено
во нечие траење
измерено.

8. Порта

Крај улица порта
голема отворена
за секој
да може да влезе
и да узнае чија е
трошната куќата
оставена
та заборавена
од некој од сите
заборавен.

Скоро улицата
ќе се шири
поради што
портата и куќата
ќе мора
да бидат урнати.

9. Прибор за јадење

Златни и сребрени
ножеви лажици виљушки
стојат на располагање
на гладни и понекој сит
седнати на долга маса
да слават нечија слава.

Гладните чекаат јадења
што се јадат со раце
и пријатност.

Ситите со задоволство
пијат кисела вода
чекајќи ги јадењата.

СЕКИДНЕВИЕ, Потребности, припеви

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.