7. Будење во рани зори
Јас обично се будам
пред зори
зашто токму во тие
часови или мигови
обично сонувам
хоризонт на дофат.
Ова мое будење
во рани зори
ми е помеѓу
обично и необично;
по длабок воздив,
пред гласен збор,
слог или извик,
по прва виделина,
пред мисла дека
ќе успеам конечно
на времево
да му ги скротам
страста
и поминувачката.
Раниве зори,
во кои се разбудив
случајно, намерно,
сеедно,
се различни
од сечии други:
во нив ја препознав
смирноста
на моето достојание.