fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

Проблесоци во мислата

(Мислени кажувања за што било:
промисли-домисли, согледби-стојалишта,
умности-премудрости)

Се однесуваат безволно штом е за нив невозможно.
Намисленото го следат настојчивоста и упоритоста.
Се самопочитува секој што се знае себеси и не го допира зло.
Кој рескира, не мора да добие, но може да отиде далеку, па и предалеку.
Со самопочит живот спокоен.
Немало, ниту може да има убав, а бесмислен живот.
Надежност и радост полесно ссовладување тешкотии, постигнување успеси и исполнување желби.
Самопочитта и стаменоста го докажуваат чоечкото постоење.
Кој се цени себеси, не презира други.
И незамисливо се достасува со самодоверба и самосовладување.
На самопочитта не ѝ требаат ни прифаќање ни признание.
Смислата на животот од нас во нас.
Од добро да нема подобро.
Ако е подобро од други, нека е најдобро од тебе.
До смрт искачуваш свои врвови.
Постојано усовршување наспоредно со постојано самоусовршување.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.