Потребно време за читање: < 1 минута

60. Личен

Никому не откривам
ништо
од откриеното заумно
во мојот трепет помеѓу
будноста, сонувањето,
семето и коренот
пред самоти смрт.

Доволно е дека
има уште знајно
ведро и облачно небо
над извор сокриен
меѓу стари и млади
планини
до кој секако некогаш
ќе стасаат намерници
сомисленици.

Кога не би бил
барем толку личен,
како клокот безимен
под земја,
како ветар вртлив
над пустота,
мојата постојаност
би била постојано
неизвесна.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here