fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

Православен верски календар-7. септември-нов стил (25 август-стар стил)

Денешниов ден се врзува за светиот апостол Тит, се празнува преносот на моштите на свети Вартоломеј, на овој ден страдаа светите Варсис и Евлогиј, епископите Едески, и Протоген, епископ Кариски, исповедник, а овој е и ден на Свети Мина, патријарх Цариградски.

Тит, епископ Критски, е еден од 70-темина апостоли. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија.

Во една прилика тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Ерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото младешко срце се прилепи за Христа. Подоцна беше крстен од апостол Павле, кому во евангелското дело му служеше како на татко. Павле толку го возљуби Тит, што го нарекуваше ту син (Тит 1,4) ту брат (2Кор. 12,18).

Тит многу патуваше со големиот апостол на народите и од него беше поставен за епископ Критски. При Павловото страдање во Рим беше присутен и Тит, којшто чесно го погреба телото на својот учител и духовен отец. Потоа се врати на Крит и таму со голем успех ги крштеваше незнабошците и мудро управуваше со Црквата Божја до длабока старост. Се упокои во 94-татаа година од својот живот.

Прочитај и за ... >>  Ден без автомобили, градови со автомобили: Велосипедски акции во Македонија, а Скопје повторно во утрински метеж

На овој ден се празнува преносот на моштите на свети Вартоломеј. (Неговиот главен празник е на 24. јуни.)

Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. А бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабошците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј. Но, по Божја Промисла ковчезите не потонаа, туку носени од водата допливаа, и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови.

Липарскиот епископ Агатон преку едно таинствено откровение дозна за приближувањето на моштите на свети Вартоломеј до островите. Во таа прилика од моштите на апостолот се случија многубројни исцеленија на болни. Агатон со клирот и народот излегоа на брегот и го дочекаа ковчегот со голема радост. Моштите беа положени во црквата Свети Вартоломеј и лежеа таму до времето на Теофил Иконоборецот (околу 839 година), па бидејќи тогаш муслиманите ги загрозија Липарите моштите на апостолот беа пренесени во градот Беневет. Така, Господ го прослави Својот апостол со чуда и за време на животот и после смртта.

Прочитај и за ... >>  Православен верски календар за 26 август: Свети Максим Исповедник и Свети Тихон Задонски

На денеш ден страдаа светите Варсис и Евлогиј, епископите Едески, и Протоген, епископ Кариски, исповедник и многу други по затвори и во прогонство заради православната вера во времето на царот Валент, кој се држеше за ариевската ерес. Потоа беа ослободени од царот Теодосиј.

Свети Мина мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на свети Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.