fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

Православен верски календар-10.10.

На овој ден-10.10 (27.09. стар стил) се сеќаваме на маченикот Калистрат и неговата дружина: Гимнасиј и други (304), како и на Марко, Аристарх и Зинана-апостолите од 70-те

Маченикот Калистрат е родум од Картагена. Христијанин од раѓање, зашто татко му и дедо му беа христијани. Еден од предците на Калистрат, Неокор, служеше како војник во Ерусалим кај Понтиј Пилат во времето на страдањето на Господ Исус.

Ги виде многубројните чуда Христови и поверува во Него, па беше научен на верата и крстен од апостолите. Кога се врати дома, Неокор им ја донесе на своите Христовата вера како драгоцен бисер. Така, со текот на времето, светиот Калистрат беше роден, крстен и воспитан како христијанин.

Кога беше во војска во неговиот полк повеќе немаше ниеден христијанин освен него. Некои од неговите другари го видоа свети Калистрат како станува ноќе и Му се моли на Бога, па го пријавија кај војводата Персентин како христијанин. А Персентин беше лут мачител на христијаните. За да се увери дали е Калистрат навистина христијанин, војводата му нареди да им принесе жртва на идолите, од што Клаистрат веднаш се откажа.

Прочитај и за ... >>  17: македонскиот филм што ја претвора училишната екскурзија во приказна за тајна, страв и созревање

Тогаш многу го биеја и го фрлија во морето. Но Божјата сила го спаси и тој излезе здрав од морето. Гледајќи го трпењето на Клаистрат и неговите чуда, четириесет и девет војници поверуваа во Господ Исус Христос. И тие беа биени и фрлени во затвор заедно со Калистрат. Во затворот свети Калистрат ги научи своите другари на верата и ги укрепи. И тие покажаа голема мажественост во страдањето, а Господ покажа голема сила на нив. Свирепиот мачител испрати војници во затворот ноќе и ги убија свети Калистрат и неговите четириесет и девет другари. Пострадаа за вистината во 304. година. Врз нивните мошти подоцна е подигната црква.

Од Седумдесетте:

Свети Марко поинаку е наречен Јован. Во куќата на неговата мајка Марија во Ерусалим светите апостоли се собираа на молитва (Дела 12, 12). Тој го проповедаше Евангелието заедно со апостолите Павле и Варнава (Дела 12, 25). Потоа беше епископ во градот Вивлос.

Прочитај и за ... >>  Денес во слава на Св. мч. Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и др. - православен календар за 23.04.2026

Свети Аристарх му беше сопатник на светиот апостол Павле (Дела 16, 29), беше епископ во Апамеја Сириска.

Свети Зинон или Зина, наречен од апостолите „законик“ (Тит 3, 13), беше епископ во Лид Палестински.

Блескаа како ѕвезди во темнината на незнабоштвото и мнозина обратија во верата Христова. А сега блескаат во Царството на љубениот Христос.

За авторот: Соња Димитровска

Креативен и стратешки дигитален маркетер, специјализирана за социјални медиуми и ефективни дигитални кампањи. Како акаунт менаџер, таа обезбедува јасна комуникација со клиентите и сигурна координација со тимот за постигнување мерливи резултати.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.