fbpx Прескокни до главната содржина

Подземен надземен

По надземен иде
подземен живот
значи крај пред почеток
значи почеток пред крај
сосе опстанок на семе
во невреме по време
кога нема на доглед
никаква ведрост гласна
ниту некакво тагување
дека во меѓувреме
изумреле или исчезнале
сите потомци кои
би можеле да продолжат
во огон и огон пред огон
во пустошија
без никаква трага
за паметење
надземен живот кој
неминовно продолжува
како подземен
како надежна самосвест
прилагодена на клима
на која ѝ е сè потешко
да остане каква што е
барем час некој нов миг
а тоа значи секогаш
да се биде подготвен
секогаш да се почнува
без да се продолжува
а тоа значи некогаш
да се продолжи живот
и надземен и подземен
наспоредно.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 63

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.