Потребно време за читање: 3 минути

Американски научници порачуваат: повеќе од 150.000 пушачи умираат годишно во САД од рак на белите дробови и кардиоваскуларните заболувања, а кои можат да се доведат во директна врска со пушењето.

Според еден извештај на Американскиот институт за истражување на ракот, цигарите се директен предизвикувач на 91,5% од случаите на рак на усната шуплина кај мажите и 86,7% од случаите на рак на грлото кај жените. Извештајот е работен врз основа на истражувања и статистички податоци собрани во период од 10 години. Во него се предупредува и дека машките пушачи се изложени на двојно поголем ризик да умрат од рак на белите дробови, додека кај жените тој се зголемува 4 пати.

Од многуте методи за одвикнување од пушењето мошне ефикасен се покажал оној што го применуваат лекарите од Данска.

Имено, на пациентите-пушачи на кожата им се става фластер кој постапно лачи извесно количество на никотин, ублажувајќи го недостигот од таа супстанција во организмот на пушачот. Во еден напис објавен во американското списание „Њу Ингланд Џорнал оф Месдсејн” Д-р Филип Тонесен од Копенхаген пишува дека оваа техника за првпат е применета кај 289-мина доброволци и од нив 11% успешно се одвикнале од пушењето. Кај 17% доброволци потребата од цигара драстично се намалила, така што пушењето го свеле на сенасе неколку цигари во текот на една недела.

Прочитај и за ... >>  Разлики и во брчките: „модерни“ и „класични“

Интересно е што употребата на никотинскиот фластер не остава никакви негативни ефекти односно последици, а сите тестирани доброволци потврдиле дека фластерот им ја намалил желбата за пушење.

А еден младич по име Маниш Ханс на форумот „Quora“ изнел свој метод на одвикнување од кој вели дека е многу задоволен:

„Пушев седум години, а потоа решив дека е време да престанам. Вака изгледаше мојот ден:

-прва цигара штом отворам очи;
-уште една на патот до работа;
-една цигара штом стигнам на работа;
-уште три до пауза за ручек;
-две до три во паузи за кафе;
-уште една пред крајот на работното време;
-една на патот до дома;
-една со кафе штом стигнам дома;
-една по вечера;
-две до три додека не легнам да спијам.

Значи, најмалку 15 цигари дневно. Многупати пробав едноставно да престанам без никакви помагала, но секогаш попуштав. А сега решив да го променам пристапот и еве што направив:

Еден ден просто решив дека нема да носам цигари дома по никоја цена. Беше ужасно, се вртев со денови дома, одев во долги прошетки и порано в кревет, но не се откажував. Ми требаа две недели, но коначно се оедвикнав од тоа да пушам дома. Тоа го проширив на тоа да нхема пушење по осум навечер.

Тогаш решив да ја исфрлам цигарата што ја пушев на пат до работа и на пат од работа. Ја променив патеката по која инаку одам и избегнував да одам во иста продавница, каде што веќе знаеја дека доаѓам по цигари. По две недели се решив и од таа навика, па сега пушев само на работа.

Прочитај и за ... >>  Суштинското за љубовта

И тогаш сфатив дека е битно само да се истренира умот. Ако веќе успеав да се навикнам да нема пушење дома, ниту на пат до и од работа, зошто тоа да не го проширам кога веќе ми тргна? И така уследи следниов распоред:

-престанав да пушам по шест навечер; ми требаа недели да се навикнам, но не се откажував;
-кога успеав во тоа, прерстанав да пушам по пет;
-потоа си ги укинав цигарите по четири, па по три часот.

Така ја поместував сатницата со месеци и еден ден просто повеќе не пушев. Се разбира, беше тешко, но бев цврсто решен да успеам. Најтешко ми беше во ситуации кога сите колеги одеа на пуш-пауза. Бидејќи сум голем противник на какви било помагала, ги избегнував, но во тие ситуации џвакав мастики со никотин за одвикнување и ми помагаа“.

А еве што се случува во вашиот организам кога ќе ја оставите цигарата:

-по 20 минути вашиот крвен притисок и пулсот се враќаат во нормала;
-по 24 часа јаглеродниот моноксид исчезнува од телото;
-по 48 часа никотинот е исфрлен од вашето тело;
-помеѓу втората и 21-та недела се подобрува циркулацијата;
-по една година ризикот од срцев удар наполу е помал отколку кај пушачот;
-по 10 години се намалува ризикот од рак на белите дробови.

Прочитај и за ... >>  5 начини како да го усогласите биолошкиот часовник

Додатен мотив да ги оставите цигарите е и фактот дека само во димот од една цигара се наоѓаат околу 4.000 хемикалии, а помеѓу нив и 50 предизвикувачи на разни видови рак. Според податоците на Светската здравствена организација, поради пушење на секои 6 секунди на светот умира едно лице.

Искуствата на оние што ги оставиле цигарите велат дека се најтешки првите три дена, додека од друга страна стручњаците тврдат дека веќе по 10 дена исчезнува физичката зависност од цигари. Совет: во првите денови на одвикнување од цигари пијте што повеќе течности, зашто со тоа се помага исфрлањето на никотинот од телото. Би требало да го зголемите и внесот на витаминот Ц на 1 000 мг дневно, па во првите денови префрлете се на природни сокови од лимон, портокал, грејп, но без шеќер.

Исто така, стручњаците советуваат во првите денови да се одморате повеќе, а по оброкот се препорачува прошетка барем 15 минути. Избегнувајте седење дома по јадење, зашто тогаш по навика се јавува желбата за цигара.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here