orevi drvoredi ореви дрвореди
Потребно време за читање: 2 минути

Подигањето на дрворед на ореви, првенствено покрај патишта, има големо стопанско значење. Оревот е погодна овошка за дрвореди оти дава добро развиено стебло во услови кога обработката на земјиштето под неговата круна се врши само во првите години по садењето. Поради големата лисна маса тој го ублажува ударот на ветрот, а со тоа и неговото штетно дејство повеќе од кој било друг овошен вид, како и посебно што дава исклучително хранливи плодови кои се погодни за транспорт и чување. Освен тоа, дрвото на оревот е мошне ценето а дефицитарно, па лесно може добро да се заработи како на домашниот, исто така и на странскиот пазар.

Километар дрворед дава приноси приближно како еден хектар оревари оти поради густото садење во дрворедот (растојанието на садењето треба да е 7-8 метри ако овошките се садат во еден ред) имаме повеќе овошки, што комопензира нешто помалку приноси по стебло во дворед.

Прочитај и за ... >>  Чудесно растение: брусница

За подигање на дрворед треба да се користат побујни и спрема болести и штетници што поотпорни сорти. Во дворедот мора да бидат застапени најмалку 3-4 сорти кои меѓусебно добро се опрашуваат. Од една сорта не треба да се садат повеќе од 2 до 3 садници една до друга. Како основа треба да се користат сејаници парадокс на хибриди или побујни типови на домашен орев.

За садење обично се копаат дупки со пречник од 120-150 см и длабочина 60-70 см. Ѓубрењето се врши во дупките со 20-30 кг загорено арско ѓубре и 2-3 кг комплексни минерални ѓубрива.

Висината на стеблото треба да е 170-200 см за круната на оревот да не го попречува транспортот оти таа го наткривува патот. Во рамнина, покрај полски патишта, дрворедите на ореви треба добро да се негуваат, слично на негата на плантажните засади. Обработката на земјиштето треба да се врши првенствено со ваганирање од обете страни на дрворедот.

Прочитај и за ... >>  Треви и тревни штетници

Заштитата се врши со помош на топ атомизер (со него се врши заштита на дрворед на тополи и други високи дрвја). Се ѓубри со минерални ѓубрива со помош на растурувач. На есен се врши и орање, при што се заоруваат калиумови, фосфорни и дел од азотни ѓубрива.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here