fbpx Прескокни до главната содржина

Оддивка

Јанѕи од јава во јазол

Конечно оддивка од јанѕи
кои веќе не може
да бидат во јава за човек
кому од што бил самотен
кому од што бил грамаден
му иделе ту наврапито
му иделе ту најавено
постапно
од заумност.

Конечно може да оддивне
пред да замине кон предел
надежен
дека ќе заживее одново
од семе до плод
за луѓе кои во него од него
по него и со него
ќе заживеат одново
па ќе го приберат во свои
домашни огништа
со распалени огнови.

Не мора како човек
несамотен а грамаден
може несамотен корен
може грамаден стожер
сред плодна
а запустена земја
од разноразни невремиња
сред колку широка
сред толку длабока
пресушена река понорница
сред колку широка
сред толку длабока
видлива и спокојна тишина.

Веќе допрва ништо
не може да се случи
ни нему да му се случи
откога успеа да продре
со меч од свој сончев зрак
сè до прапочетокот
на заумност во стварност
сè до јазол
на дрво соголено
до срцевината

сè до негов нов
последен и прв здив.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Без јанѕи, 73

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.