fbpx

Од негови љубови

Не останала никаква лузна
на неговото набрчкано чело
од грижа самотност замисла
од негови дамнешни љубови
кои успеал многу болно
многу долготрајно
да ги сочува во себе свои
никому откриени замолчени
а не биле малку а не биле
ни многу за паметење
а многу биле минливи
никогаш не биле некогаш
како во секој човек во огон
и нему низ животот му минала
една од сите негови љубови
која се надева дека ќе ја има
сегде кај што бил и не бил
додека бил жив
додека умирал рамнодушно
во пустошијава
се разбира најдлабока
се разбира најзагадочна
се разбира најтаена
се разбира нему најубава
и се разбира најдолготрајна
во свеста за вредностите
на животворноста
од неговите многу љубови
таа една му е сè поблиска
колку што му е сè подалечна
како што е вообичаено
за една од многу
непреживеани и ненадживеани.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 64

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.