Потребно време за читање: < 1 минути

35 години постоење на една меѓународна музичка манифестација (на сериозна односно класична музика) се мошне долг период кој претставува достоинство и гордост и за поголеми, поразвиени културни средини од македонската. Мајските оперски вечери продолжуваат да блескотат на музичкото небо.

35-от МОВ свечено ќе биде отворен на 9-ти мај, со кај нас (па и во светот) малку познатата опера на Џоакино Росини „Италијанка од Алжир“. На македонската сцена ќе биде изведена првпат. Во насловната улога на премиерата ќе настапи гостинката од Србија Сања Анастасиа, a на 11-ти мај, во нејзината реприза, македонскиот мецосопран Ирена Кавкалевска.

Се одржа промотивна прес конференција на која се претставија главните актери. За Сања Анастасиа настапот на отворањето на Мајските оперски вечер е наедно и деби пред македонската публика. Изјави:

„Чест ми е што моето прво деби е токму во Македонија, на просторите на поранешна Југославија, на мојата, на нашата поранешна татковина“.

Прочитај и за ... >>  Македонија во полуропство

„Се работи за висококвалитетна постава и мислам дека баш поради тоа претставата ќе биде многу добра. Една типична претстава која што се работи во Западна Европа, со многу акција, со многу трчање по сцена. Мислам дека ќе биде многу забавно за публиката“, рече Ирена Кавкалевска, оперски уметник.

Во двете претстави ќе земат учество и Благој Нацевски и Игор Дурловски. Диригент е Саша Николовски Ѓумар, а режисерката Уши Хорнер од Австрија најави забавна и динамична претстава, чие дејствие се одвива во 19-тиот години на минатиот век во Алжир, кога богатиот Мустафа ќе се вљуби во убавата робинка Изабелa.

„Ова ќе биде лесна, свежа и забавна опера. Со овој прекрасен ансамбл успеавме да ја направиме таква“, вели Хорнер.

Операта „Италијанка од Алжир“ ја финансира австрискиот ЕВН.

Уметничкиот директор на операта Николовски рече дека е надмината опасноста поради недостиг на финансии Мајските вечери да не се одржат.

Претходен написДневно- ноќен живот на Скопската чаршија? Да не е предоцна?
Следен написПочна сезоната на торнада во САД

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here