fbpx

Нужно рамновесие

Препев на пев и повев

Не може нигде никогаш
без рамновесие човек
колку во себеси со молк
толку повеќе во збор
од други пред други.

Тоа особено треба
да се има предвид кога
во ограничен простор
додека има време
отворено срце живее
за да продолжи откако
ќе заврши претставата
на животот.

Токму поради
нужното рамновесие
во себе
со молк повеќе во збор
од други пред други
нигде никогаш
претставата содржи
мигови на неизвесност
некогаш повеќе страв
од исчекување
кои на крајот мораат
да исчезнат во оган
ненадеен.

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 59

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.