Потребно време за читање: < 1 минута

286. Оган во очите

Секогаш оган во очите
на воинот направен од бронза.

287. Подбишега

Терам подбишега
со маски на лица.

288. Неразбрано

Сѐ мислам дека неразбрано
ќе остане неговото недело.

289. Затскривање

Зошто се затскрива сонцево
помеѓу силни ветришта?

290. Корен

Излегол ореов корен на виделина
снага да одмори по вкоренување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here