Потребно време за читање: 2 минути

Интересна информација на светски агенции од Авињон, Франција, каде што се одржува неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ: тие се обложувале на исходот на американските претседателски избори на 4-ти ноември, но не е познато кој од двајцата кандидати добил повеќе гласови- републиканецот Џон МекКејн или демократот Барак Обама.

Лично мислам дека се договориле тоа да не се открива поради страв од можни „последици“.

Предлогот за обложување го дал британскиот министер за надворешни работи Дејвид Милибанд (што е мошне индикативно и провокативно ако се имаат предвид „ептен“ поблиските врски на Велика Британија со САД отколку другите земји- членки на ЕУ).

Ова необично „пополнување на слободното време“ го обелодени шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер:

„Тој ми достави парче хартија, јас одговорив и мислам дека тоа го направија сите останати“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана изјавил дипломатски дека не сака да се обложува, на што Кушнер му довикнал: „Кукавицо!“ Министерот за надворешни работи на Полска Радослав Сикорски потврил дека се обложил, но ниту тој, исто како Кушнер, не сакал да каже на кој американски претседателски кандидат му дал предност. Неговиот словенечки колега Дмитриј Рупел рекол дека во прашање била анкета во која секој го напишал името на својот фаворит на американските избори, а резултатите ќе биле објавени по изборите.

Прочитај и за ... >>  Барак Обама и официјално демократски кандидат за претседател на САД

Кушнер, чија земја ќе биде претседавач со ЕУ до 1-ви јануари 2009-та година, оценил дека Милибандовата иницијатива била дочекана со задоволство зашто во прашање била шега која придонела за опуштање на учесниците на неформалниот состанок во францускиот град.

Сигурно е дека обложувањето придонело за опуштање на европските дипломати, но е чудно зошто другите не го нарекле шега, а особено „мртов ладен“ бил и останал таков до крајот на состанокот британскиот дипломат. Меѓутоа, збунува подвикнувањето на Кушнер до Солана кој одбил да се изјаснува. Дали е тој поголем дипломат од другите или е навистина кукавица? И зошто нема коментар- реакција од него? Зарем е можно ЕУ да има „висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност“ кој го покажува својот кукавичлак на толку банална шега како што е обложувањето за нов американски претседател?

Од се што ми паѓа на ум во врска со оваа „неформална“ дипломатска активност, ми се наметнува круцијалната дилема: кој ги собрал одговорите- изјаснувањата, кај кого се и што ќе му се, за што ќе ги употреби? Зашто во информацијата не се вели дека тие завршиле во корпа за отпадоци откако успеало „опуштањето“.

Прочитај и за ... >>  Големите луѓе

Нели во дипломатијата нема ништо случајно, а кога е несериозна формата секогаш е сериозна содржината?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here