Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum V

Донесуваат вреќи со вода
и ги оставаат на средината.

Сцената е море.

Глас 6

Да го запреме срцето и да го качиме над завесата кога ќе му ги менуваме боите. Коренот е внатре, со сенки и сонце, а има и неколку стари фотографии. Луѓето треба да мислат дека ќе му ја менуваме бојата заради старост и инфаркти. Внимаваат на неговото дишење дури откога ќе им ги преполови градите со секира и ќе им ја искриви устата.

Глас 7

А што потоа? Лебот ќе се исуши ако не го изедеме во еден ден или ако не го оставиме во длабоко смрзнување. Солта ни ја собира кожата и ни ги пече очите кога стануваме.

Глас 8

Важна е разликата меѓу луѓето.

Глас 9

Да разговараме и за поважни работи. На пример, народот се прашува што значи менувањето на годишните времиња без ред и зошто сѐ уште не сме загрижени дека истото ни се случува и во сонот?

Глас 8

Затоа коренот.

Реката носи леб и сол
кога минува под мостовите,

а кејот е полн со луѓе кои
меѓусебно се разликуваат
единствено според бројот
на забите
што им останале
и со кои си ги бројат
годините.

Имало некој корен.
Очите му пукале на ветер,
косата му белеела од луѓе
и минати болести,
од жалба за мир под сенка.

Прочитај и за ... >>  MOMENTUM II, Мудрости заради кулминација, поетска инсталација

Имало некој корен
со долга историја в земја;
ја кажувал
кога ќе го прашале
или ако седнеле на него
да починат,
да си ги наранат рацете,
да поприкажат за морето
што го надминале
во снагата
со ретка надареност,
смелост и смирност.

Паметел добро и смрт
младост и крв,
паметел некакви
ретки настани
што ги сонувал бос
кога куќите тонеле
во песок пустошен,
а сонцето заборавило
да изгрева и зајдува.

Најчесто дека еднаш
стрелале во него
и потоа долго
не можел да дише.

Имало некој корен овде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here