Потребно време за читање: < 1 минута

Momentum XIII

Сенки сега нема,
а голата жена лазејќи
оди зад завесите.

Глас 3

Имам впечаток дека ова што сме заедно не ќе е на добро. Дозволуваме авторот да си го тера своето. Тој да си ја прави сцената, а ние по секоја цена настојуваме да ги збуниме работите. Ако треба, ќе играме и сами.

Глас 6

Да не авторот ни подготвил неславен крај, па прави драма во која од нас ќе побара да јадеме и сув леб.

Глас 1

Поезијата сѐ уште има многу ламентации и смрт. Мене ме одушевува машката иронија, особено кога е во функција и е мудра. Поезијата има и многу море, како пустина. Или обратно. Овде зборот е примарен. Маската ќе мора да го докаже со оригинални движења на устата. А ние, наместо да го слушаме и толкуваме во едно расположение, играме и разговараме некакви доживувања. Непотребни, без кулминација.

Глас 4

Сега треба да ве погледнам и да викнам: доаѓа времето од соседните светови. Вие, исплашени, да ги следите моите реакции со отворен здив.

Ноќниот живот
полека го заборавивме

читајќи мудрости
од стари векови.

Треба дад го нагледам денот
кога нешто упорно,
како пустина во ветер,
најавува опасности
од диви животни гладни
по вода.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Имаш засечено жолто срце
во летна облека;
имаш лице со црвена уста;
имаш веѓи како мрежи:
имаш очи.

Треба да го нагледам денот
што коренува
во просторот од круг
во кој дивите животни
гладни по вода
рикаат пустината
да ги слушне,
здивот да си го зелени.

Треба да станам
сѐ прво да доречам:
и народ и време и мир.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here