Дума, опит, ука
(изреки на „општонароден“
македонски дијалект)
1. Годините не се ништо дур’ си на нозе.
2. Празно ми је во душава откога немам со кого да скршам два-три збора.
3. Големџиите си завидуаат меѓусебно на големштилако.
4. По многу години ич не се сеќаам на тебе.
5. Поддржи ме да се качам на коњ, па после ја ќе те поддржам да се симниш од криво магаре.
6. Кој не је со умо за напред, брго ќе остани без ум за назад.
7. Не се најдуа, нито ќе се најди друг ваков ко тебе. Зато си им на луѓе требен.
8. Со падни-стани дур’ не порасниш. Ко пораснат никако.
9. Кога се сите голи, срамно је да си облечен во било стари било нови алишта.
10. Нито глас да слушнам од љубов. Којзнај како ѝ је без мене.
11. Сонцето ни зајдвит, а ние уште не знајме кон каде да тргниме.
12. Не можи да биди меѓу нас ко шо било. Оти ние не сме шо сме биле ко сме полетуале.
13. Ништо нито ве мие, нито ве пере. Залудно се препраате оти не сте извалкани од вчера.
14. Да се они умни ем разумни, не би можел болен ум да им се стај на чело.
15. Џабе је шо и да ви кажам. За вас је предоцна оти сте изгубени.
16. Сечи, чоече, дур` не те стајле под свое!
17. Глуп си чим на глупав му докажуаш.
18. Не пробуај да го спасуаш оној шо се дави во својте гадотии. Ќе се удајш во ними и ти со него.
19. Секој предавник бил и ќе биди лажго, подлец, итрец и многу појќе кога се тројца.
20. Добро за мене, добро од мене.
21. Секое добро и ниедно лошо за тебе. Исто без мене.
22. Шо да ти праам кога не разбираш оти ништо не ти праев?!
23. Нешто не је ко шо треба да биди, а ти си тераш како ти чини.
24. Сум ти кажал оти имам некоја празнотија во мене? Е, да ти кажам и оти се шири и ме обзема сè појќе.
25. Сè шо знам за мене си знам. За друг али за друзи не знам, ама ја со то немам врска.
26. Ништо свршено за да биди совршено.
27. Ја ко мнозина друзи:
Знам колку си знам и без престан учам ем мислам за да знам сè појќе.
28. Тешко му на чоек сам со некој али без некој.
29. Ништо не прајме еден без друг, а тебе ич не ти је гајле.
30. Никоаш не сум имал, нито имам време за времегубење.
31. Можи некоаш да се најдеме, можи да не, а сè помалу имаме за можи.
32. Малу сакано, појќе засакано, многу несакано.
33. Нема уште многу да ми биди од шо не ми било.
34. Шо кога би знаел уште колку од малу ми останало? Ќе знам и никому ништо.
35. Ни надежен ни безнадежен. Саде некој за едни и никој за друзи.
36. На лагата ѝ се куси нозете, то се знај. Ама малу се знај оти ѝ се долги прстите.
37. Реков шо реков, а ти брго заборај.
38. И ја се прашам за нас кога ти немаш одгоор.
39. Во суроо време најпојќе ни фалат убајни и радости на срцето.
40. Борба за живот исто до крајо на живото и со него по него.
41. Ти кажуаш оти ништо вредно не сум создал? Важи бе, нема проблем.
42. Нешто се преломуа во мене ко творец. Меѓу создаените дела, делата во создаање и молко ко одбрана од непризнателност.
43. Ќутењето најбрго ти го снеможуа срцето.
44. Те нема чим немам никаква врска со тебе.
45. Кај да си, ќе чуеш последно од мене.
46. Ма не, никоаш за ништо меѓу нас да.
47. Се нашле две тела во изгор дамна прегорени.
48. Не ми је лесно, ама ќе се снајдам некако.
49. Шо поблизу кон недогледливо али шо подалеку од несогледливо.
50. Од скоро ќе можиш и без мене оти ќе мораш.
51. Си ги начулил ушите за да чуеш шо мислат за тебе. А ни самио не знајш оти ти треба то.
52. Најсетне и без љубов прва ем последна. Најсетне.
53. Соседо не можиш да го смениш, ама можиш да не го есапиш ни за сосед.
54. Бар да узнајш како је со здравјето.
55. Најнакрај до кај си сам.
56. Да бидиме заедно и да не бериме гајле за ништо.
57. Те толчи оти си му клекнал. Наместо да скокниш на ноѕе и да се испрајш.
58. Ако знајш шо и како, ќе знајш и до кога.
59. Ма ти немаш гајле чим слушаш, гледаш, читаш и думаш.
60. Ако не во ова, тогај мора да знајш во кое али во чие време живејш.
61. Шо ти се чинеше кога сè ти одеше од рака оти те држеа за рака?
62. Он уште се крева, а одамна беше кога го ничкосаа наземи.
63. Он је несопирлив оти знај кон кај тргнал.
64. По мера му је дено зато шо му је сосем исполнет.
65. Нема никоаш појќе? Саде да не је оти веќе немаш време.
66. Не те познав во толпата. Зато шо не си ни за со неа ни за во неа.
67. Шо значи да трајш вон својто време? Значи со твое сторено али создаено.
68. Неќам ништо од тебе али со тебе. Доста ми је шо не ме заборааш.
69. Дури је, можи да биди.
70. Како то да знајш против шо ем против кого, а да не знајш за кого ем со кого?
71. Биди слободен дур` си жив и откога ќе умриш.
72. Стареам без тебе. Неважно је оти така.
73. Колку појќе еден без друг сега, толку појќе заедно некоаш.
74. Фрламе во забораво шо не ни треба али не било ни за нас ни за во нас.
75. Сè појќе доцна, та предоцна за мене. Сè подлабоко во мене замолчено, та одмолчено.
76. Сегде се прикажуам со мојте години.
77. Само ти се чини оти забавуам. Напротив, не можиш да ме следиш оти забрзуам.
78. Било шо било. Отсега ќе биди и ако биди.
79. Ти иди кога не чекаш. Така је најдобро и најубоо.
80. Бар да се видиме уште еднаш без збор.
81. Нито фалби, нито самофалби му значат шо-годе на стар бел дедо на замин во неврат.
82. Рамнодушието ја подјадуа душата.
83. Знам оти знајте оти знам и оти зато не можите со мене.
84. За никого и за ништо од мене ко незнаен.
85. Гласен сум за да ме слушниш.
86. Неизмерен резил поради непризнаеност и мизерна положба на стар бел дедо кој создал огромно дело!
87. Жив је и уште живурка.
88. Ја допрва?! А бе ај!
89. Од молчаливци преку глава. На мнозина веќе им се качиле на глајте.
90. Сè појќе од мене за сите со мене.
91. Колку шо сум ја во свето, толку је он во мене.
92. Ја за себе си знам, а ти малу знајш за мене.
93. До кога ја? Дури можам.
94. Помагај ако разбираш.
95. Колку-толку-доста за појќе.
96. Стоење во место по чекор назад и меѓу чекори напред.
97. Стар бел дедо:
Од ден на ден се радуам сè помалу и сè покусо. Можи оти се ближам кон крајо.
98. Ја за тебе многу, а ти за мене ништо. Така нито сме, нито ќе бидиме заедно.
99. Било меѓу шо било и шо не било.
100. Дал` ми значи? Мислам дека значи.
101. Неверојатно? Несфатливо? Можи. Ама се случува!
102. Кога би можел чоек ич да не се сакалдисуа за ништо. А оти да не можи?!
103. Стар бел дедо непризнаен, а непореклив, а на врв! Си нема гајле.
104. Не ми бега Нобелова награда? Ами ја не ја бркам! Зошо ми је? Да бев помлад можи ќе поработев на случајо.
105. Ја сум секогаш и сегде ја. Никој друг.
106. Не знајш како ми је и не треба да узнајш. Чим не си со мене.
107. Кому ја? Секому и никому.
108. Ај биди шо си дури сме.
109. Знам шо било да не је. Полошо секако не.
110. Свето је вчудовиден, а ние али се прајме наудрени али не ни оди во умо.
111. Вака али онака, секако али никако, можи али не можи. Дури сме зад, а не пред наше време.
112. Си ја има мувата на капа, си ја ишка, а не му иди во умо оти је гологлав.
113. Наше со ќеф. Саде мое не баш.
114. Ја сум свесен оти знам и имам опит. Ти?
115. Непара зборам дека не се есапи.
116. Смисленото од мене-никоаш доречено.
117. Радуање на создатело од она шо он го создал?! Ај не ме смејте.
118. Вистина, вистина ви велам:
Ич не ми је гајле шо допрва можи да биди со мојте животни дела.
119. Со мене не можи секој. Зар можи со тебе?!
120. Веќе не можиш ни да ме гледаш ни да ме слушаш, ама можиш да ме читаш кога било. Ако сакаш.
121. Објава на мое дело-само мало мигновено лично задоволство.
122. Да не ми је товаро на годиниве, радо би фатил џенем. И онака сум овде исто ко да не сум.
123. Ја сум реален чоек. Најмногу си веруам на себеси.
124. Ќе биди шо не било совреме, а требало да биди. Задоцнето? За жал.
125. Непојмливо, шокантно во свето на вредностите. А кај нас молк, дури исмевање!









