Потребно време за читање: 2 минути

Зошто веќе втор ден (одново) протестираат млекопроизводителите? Кој ги организира, кој со нив манипулира? Нема ли политичка заднина? Ќе се открие ли, ќе одговара ли некој?

Ако за првите протести на сточарите се имаше разбирање за проблемите и беа поддржани во нивните барања (види го текстот на овој сајт „Сточарите имаат право!“-20.08.2008), овојпат нема и не може да има. Од едноставна причина што пред неколку дена почна дијалогот на двете страни- млекарниците и млекопроизводителите, со посредство на Министерството за земјоделство.

Организаторот на овие протести е познат: Федерацијата на фармерите. Очигледно, таа не ги застапува интересите на производителите на млеко, а особено не на оние вистинските, сериозните, големите производители, носителите на производството. Тие јасно и гласно порачуваат дека се против блокада на откупот.

Нивниот аргумент: во Македонија дневно се произведуваат 300.000 до 350.000 литри млеко, а според проценките на познавачите оние што се на протести имаат производство на само 30.000 литри дневно. Сосема се оправдани и реални сомневањата, па и директните обвинувања дека протестите организирани во името на Федерацијата се само начин да се создаде хаос во млекопроизводството, но и во државата. За што тие ќе мора да одговараат.

Прочитај и за ... >>  Медиумска лага во „рамки“

Сточарите и денеска со механизација ги блокираа влезовите на млекарниците. Фармерите кои протестираа пред битолската фабрика „ИМБ“ во Скопје рекоа дека нема да им го дадат млекото на фабриките со цена помала од 20 денари. Тие упатија обвиненија и кон премиерот Груевски. Слична беше ситуацијата и пред шведската фабрика „Сведмилк“. Според Федерацијата на фармери, само пред фабриката „Здравје Радово“ во Куманово полицијата со наредба на менаџерите на фабриката се обидела да ги отстрани фармерите кои протестирале. Таа бара лицата кои протестираат да бидат оставени на мира, заканувајќи се дека ќе продолжат со блокади се додека не се најде конкретно решение за цените.

Да потсетам, фармерите бараат цената на 1 литар млеко да изнесува 29 денари. Повторено е и барањето плаќањето на млекото купено во последните 2 месеца да се врши според стариот правилник со цена од 23 до 32 денари. А веќе е објавено дека цената на откупот на млекото во соседните земји и пошироко е далеку помала од бараната.

Прочитај и за ... >>  „Разголувањето“ на Бакојани продолжува, а и се придружи Бугарија, можеби и некои македонски...

Големите млекопроизводители револтирано велат дека трпат загуби поради мала група на луѓе пензионери, вработени и државни службеници, на кои неколкуте крави им се дополнителна дејност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here