Потребно време за читање: 4 минути

Алхемичарите во стариот Египет верувале дека со малку додатен напор кој било материјал можат да го претворат во злато. Иако веродостојноста на таа теорија е урната пред крајот на египетската цивилизација, граѓаните на 21. век и натаму се опседнати од потрагата по она што се смета за злато на нашите дни-љубовта.

Постојат некои најчести прашања во врска со љубовта. Се разбира и научно потврдени одговори.

Најнапред, еве вкупно 6 митови за вљубувањето. Тоа е едноставно и основно чувство што го „искомплицираа“ популарните медиуми и нашата потрага по совршенство.

Прв мит:
Спротивностите се привлекуваат

Факт:
Би можеле, ако е подобно. Друштвено неприлагоден се вљубува во кралица на матурата; принцеза се вљубува во крадец, а милионер става сѐ на коцка поради љубов спрема проститутка.

Овие приказни звучат магично и ве исполнуваат со радост. Но вака совршен спој на два различни карактера се случува или во бајките или во филмовите на Џон Хјуз. Во врските е важно да ги задоволиме сопствените потреби, често и на несвесна база. Со други зборови, се обидуваме да најдеме некој што не исполнува и може да ни помогне да учиме, созреваме и да бидеме подобри личности.

Втор мит:
Љубов на прв поглед

Факт:
Дали кога било сте се нашле во ситуација каде штотуку сте запознале некого и до моментот само што сте го завршиле првиот разговор веќе замислувате да имате деца со неа/со него? Било тоа да го наречете љубов на прв поглед, слепа вљубеност или реакција водена од страст, тие чувства од поодамна се славени, дури и Шекспир за нив пишувал. Но тој исто така рекол и дека „љубовта е слепа“.

Прочитај и за ... >>  Како навреме да откриете дека некој лаже?

Се разбира, можно е некој да ве восхити штом ќе го запознаете. Сите гаиме сон за пронаоѓање на партнер и колку да ни е цврст изборот да бидеме сами нашата потсвест е во постојан лов на партнер. Иако случајните фактори, од добриот изглед до мирисните реакции, во повеќето случаи играат улога во тој процес на спојување, веројатностите дека тоа ќе се случи се помали ако сте уморни, под стрес или се обидувате да ги средите деловните проблеми во главата.

Трет мит:
Мажите мораат да го направат првиот чекор

Факт:
Навистина, дами, па ова е 21. век. Сите обложувања паѓаат во вода! Еве прашање:

Во светот во кој ги славиме самохраните мајки и деловните жени на висока позиција, во што е проблемот ако жената го направи првиот чекор кон мажот што ја привлекува?

Се разбира, повеќето жени се загрижени што ќе помисли мажот. Вистина е, некои ќе бидат заплашени, но не дозволувајте тоа да ви го расипе денот. Фактот е едноставен; живееме во свет кој се движи со брзина наприлагодена за оние кои се грижат што ќе мисли некој друг.

Што е најлошото што може да се случи? Момчето ќе ве одбие? Така барем ќе знаете дали некој ги заслужува вашите маки на прво место.

Четврти мит:
Човек може да ја најде првата љубов само еднаш

Факт:
Навистина верувате во тоа? Сите ние сме одгледувани да мислиме дека сме предодредени за едно лице и за својата приказна „живееја среќно до крајот на животот“; некои дури веруваат дека сме создадени во пар и трагаме по својата половина цел живот. Искрено, тоа е будалштина. Во ралзично животно доба очекуваме различни работи од партнерот.

Прочитај и за ... >>  Идентитети и односи на Балканот

Петти мит:
Вистинската врска е неверојатно романтична

Факт:
Сериозно треба да размислите дали сакате кога било повеќе да погледате некој „женски филм“. Да, вашиот живот со партнерот ТРЕБА да биде исполнет со романса. Но не очекувајте бајка. Во стварниот свет вљубеноста е само прва фаза на една врска. Зрелата врска ќе прерасне од оние први пеперутки во стомамот во многу посигурна љубов. Не правете ја вообичаената грешка мислејќи дека, кога поминала онаа првобитна страст, повеќе не сте вљубени.

Шести мит:
Среќните парови не се караат

Факт:
Освен ако не сте Ромео и Јулија! Конфликтот е животен факт во повеќето врски и не мора да биде лоша работа. Всушност, расправата може да и помогне на врската со отпуштање на тензиите и вградување на чувство на доверба-знаете дека можете да ги искажете своите чувства и поради тоа нема да бидете оставени. Всушност, треба да се загрижите ако никогаш не сте имале расправа со партнерот. Знаете како велат, ве заболуваат само зборовите на оние што ви се навистина важни; клише, апсолутно, но сепак вистинито. Освен тоа, секогаш можете да се смирите и да се бакнете.

Запомнете дека вистинската магија не лежи во вљубувањето, туку во останувањето во љубов. А ќе останете во неа ако ги знаете одговорите на следниве, за многумина најглавни од главните прашања:

1.Дали љубовта може да трае до крајот на животот?

Се разбира, но само ако верувате во љубовни приказни за среќен крај. Тим на научници неодамна откри дека романтичната љубов подразбира хемиски промени во мозокот кои траат помеѓу година и година ипол; по тој период вие и вашиот партнер сте препуштени на самите себе.

Прочитај и за ... >>  Опозиција и опструкција

Врските бараат одржување и многу труд. Постојат многу луѓе кои остаруваат заедно и се сакаат до крајот на животот-меѓутоа, тоа не се случува само од себе. Разбирањето, компромисите, меѓусебното почитување на партнерот-применете го ова во својата врска и не се сомневаме во вашиот успех.

  1. Зошто венчаните парови почнуваат да личат еден на друг?

Посматрајте кои било двајца луѓе што се сакаат, како зборуваат, и ќе видите доста сличности. Едниот се смее-ќе се насмее и другиот; едниот ќе ја подигне веѓата, тоа го прави и другиот. Лицата се како мелодии кои имаат природна потреба да останат усогласени. Кога ќе ги помножите тие движења со неколку децении брачен живот-не е ни чудо оти сопружниците личат.

3.Може ли бракот да го преживее предавството?

Може. Потребно е време и доста труд, меѓутоа стручњаците се прилично едногласни дека тој вид криза може да се преброди.

Пеги Воган во својата книга „The Monogamy mith“ тврди дека 60% мажи и 40% жени во некој момент во текот на бракот го изневеруваат својот сопружник. Ова им дава надеж на паровите дека ќе се опорават од големата загуба на довербата на еден во друг. Изневерениот партнер мора да избере да прости и да научи да живее со сеќавањето што не може лесно да се избрише. Неверството никогаш не се заборава, но со време може да избледи во заднината на јак, зрел брак.

(Користени прилози на Интернет)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here