Потребно време за читање: 2 минути

Ја има секој, ама се ретки оние што секојдневно ја конкретизираат и остваруваат без отстапка пред други и пред друго, пред нејзината загроза.

Ретките се дел од колективниот живот, учествуваат во него, но не трошат многу енергија на неговата смисла и содржина. Бидејќи тој од нив не го бара тоа.

Колективниот живот е всушност зависност на нечија, а неретко и од сечија егзистенција, од друга или други, покрај друга или други. Што значи дека тој никогаш не е и не треба да биде единствен, безалтернативен; да му се оддадеш, да му се посветиш со целото свое битие, со сета сушност на својата егзистенција.

Политика и „облечена егзистенција“.

Во политиката индивидуалното е целосно во функција на колективното. Се согласуваш со една идеја, концепт, програма (платформа). Почнуваш дури слепо да им веруваш, да им служиш на оние што се искачиле на највисоките (партиски) скалила оти биле вешти, итри, искористиле, манипулирале, употребиле, злоупотребиле, се наметнале.

Прочитај и за ... >> 

Што е тоа демократија во партија (не фракционерство)? Можна ли е партиска политика (остварување на една идеја, концепт, програма односно платформа) со колективното во функција на индивидуалното?

„Облечена егзистенција“:

Прво, „голата“, претпоставувате, е онаа на работ на животот или живуркање од денес до утре. Да, бедата (на духот, но и на сѐ друго што ја дефинира и покажува личноста) и сиромаштијата-подстандарден или субстандарден живот. Кај неа е поприсутна рамнодушноста одошто непомирливоста со опкружувањето какво што е, со состојбите какви што се. Се разбира, „голотијата“ е различна во различни средини (држави), на различни развојни нивоа.

„Облечената“, пак, постојано турка напред, а всушност назад (декаденција): колку е пооблечена, според последна мода, толку е погола, па продолжува да се облекува односно да се пресоблекува. Поедноставно (не така „поетски“): секодјневна, безмилосна борба со секого и со себеси, исцрпувачка трка без крајна цел. Да, битка за што повисок личен стандард, трупање на богатство, дел од високата, евентуално само привремено во средната, а не дај Боже во ниската класа (не само работничката).

Прочитај и за ... >> 

Филозофија на егзистенцијата? Да, во основното на Јасперс: грижата за интегритетот на човековата личност. Но дали тој, интегритетот, е можен без лична филозофија на животот? На пример, без задоволството и спокојството што се секогаш дел од неа?

Како е-така е оти може и вака и онака. Колку си-толку си оти може и да не си.

Едни од „колективните“ му се одушевија на детскиот ум, а не му го прочитаа и слушнаа недореченото во уште една буква:

„Цело е кога има сѐ“.

Детскиот ум сакаше да напише и каже:

„Цело е кога имаш сѐ“.

Претходен написКУЌА ШТО МОЛЧИ, стихозбирка
Следен написПРОБЛЕСОЦИ ВО МИСЛАТА VIII

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here