14. Смисла без трага
Ние постоиме
зашто има зошто.
Тоа е несомнено
уште откога постоиме.
Ние во рамнодушен глас
преполн со очекувања
кои биле за веќе
да не бидат некогаш.
Се случува силен ветар
кој не може ни корен
на земна поврвнина
да помести.
Ни род извишен
далеку до нас да воспее
камо ли да дозрее
камо ли да презрее
оставен сам засекогаш
без ничија трага.
Се случува силен ветар
вчера и утре
за да не постоиш
за да не постоиме
сè додека има нешто
толку загадочно
што да не можеме
никако да се видиме
снажни.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.