15. Две времиња
Луѓе имаат многу времиња
а нам ни се само две доволни
што ги менуваме дење
што ни се менуваат ноќе
незабележливо
видливо наметливо
за да продолжуваме
еднакво сами и заедно.
Ту личат на ветер меѓу луѓе
во рамнотежа во хармонија
ту ни се прикажуваат
како рамка без слика на живот
во надевање сосе исчекување.
Едното време мое и твое
другото само наше.
Ниту се препознаваат
меѓусебно
ниту се догледуваат
меѓусебно
ниту се доближуваат
ниту се оддалечуваат
меѓусебно
ниту пак се разминуваат.
Барем да разменуваат
нешто од своите постоења
од своите содржини
од своите безвремија
во срцето и низ крвта.
Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.
Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.