Потребно време за читање: 3 минути

Да се биде гејша во Јапонија своевремено значело да се биде уметничка, да се познаваат традиционалниот танц и музиката и да се настапува на повик во ексклузивни резторани за имашни посетители, што не подразбирало автоматска согласност на љубов. Дали изумира уметноста на гејшите ?

На средината од 50-тите години на 20. во Јапонија имало околу 40.000 гејши, но денес ги има одвај 1.000. Причина е намаленото интересирање за традиционалната уметност која, помеѓу младите, на големо ја заменуваат караоке и другите видови на современа технолошка забава.

Квартовите во кои живееле гејшите се наоѓаат во древната престолнина Кјото, потоа во Токио, каде што денес останале 300 гејши, и во приморското место Атами, каде што со тој занает се занимаваат 230 жени.

Појавата на гејшите се врзува за средината на периодот Едо (1603-1867), кога гејшите ги забавувале мажите во токискиот кварт на црвените фенери по име Јошивара. Иако во тоа време проституцијата била легална, професијата на гејшите се разликувала од најстариот занает по тоа што тие, како уметнички, имале право да го одбијат повикот на љубов.

Прочитај и за ... >>  Од древниот свет: Вавилон

Гејшите биле уметнички кои можеле да имаат мецени според свој избор, на кои можеле да им бидат љубовнички, а понекогаш и жени, затоа што овие ги плаќале трошоците за нивното образование и скапата опрема која претставува не мала ставка за низата од свилени рачно ткаени кимона.

Помеѓу гејшите до 1930. година имало и мажи. Денес ги има само четворица, а нивната улога е да кажуваат вицеви со звуците на шамисен во паузата помеѓу женските настапи.

Денес само неколку гејши во професијата во професијата која изумира пејат и танцуваат на прескапи свечени вечери во елитни ресторани за 80.000 јени (730 долари) по лице, но вистинската клиентела, што ја чинат врвни бизнисмени и политичари, е се поретка, особено по економската криза во 90-тите години на 20. век.

„Денес може да се случи претседател на компанија кој има 50 години никогаш да не бил на вечера со гејши“, тврди Суми Асахара, автор на повеќе книги за тие елегантни уметнички со избелено лице кои, како и планината Фуџи, станаа симбол на земјата на изгрејсонцето.

Прочитај и за ... >>  Традиции и обичаи во Данска

Младите не се потресуваат оти изумира цел еден свет. Меѓутоа, одделни заедници настојуваат-за да ја сочуваат традицијата- уметноста на гејшите да им ја прикажат на туристите и тоа да го прилагодат на нивниот џеб и во Кјото, старата престолнина на таинствениот свет на гејшите.

„Традицијата на гејшите ќе преживее во рамките на „рјотеи“ за луѓе кои се подготвени да платат висока цена“, изјави за Ројтерс Кеико Хоки, потпретседател на Икимачи клубот, кој се залага за зачувување на културата.

Во квартот Кагуразака, во централниот дел на Токио, непрофитни организации настојуваат да понудат програми во кои гејши можат да и ја прикажат својата уметност на поширока публика. Тука гејшите, облечени за класичен танц и музика, свираат на инструменти со ритуална чајна церемонија.

Во токискиот кварт Мукоѓима, ресторанот „Сакураѓаја“ им нуди на групи од по 30-мина туристи вечера со перформанс на шест гејши за цена од околу 10.000 јени по лице, истакнува сопственикот на ресторанот Казуко Амемија.

Прочитај и за ... >>  Букурешкиот договор

„Во нашиот свет се чува она најдоброто што може да го понуди Јапонија и поради тоа се надевам дека повеќемина луѓе, како Јапонци, така и странци, ќе дојдат да се уверат во тоа“, велат гејшите во токискиот кварт Асакуса, жалејќи се што во Јапонија луѓето „се повеќе клонат кон западните вредности“.

Гејшите обично биле „чираци“ во работата до својата 13-та година, а денес работат од 18-тата-освен во Кјото, каде што почнуваат од 15 години, за по повеќегодишна обука да можат да се занимаваат со занаетот кој бара строга обука како во однесувањето, исто така и во свирењето на шамисен, флаута и тапани, танц, пеење и уметност на служење на чај.

Со лица прекриени со бела подлога, со шминка, со усни намачкани со црвен кармин и беспрекорни фризури, во повеќебојни скапи кимона, гејшите отсекогаш биле врни уметнички, кои заедно со лесна конверзација забавувале политичари и сопственици на фирми, заветувајќи се дека никогаш никому нема да му обелоденат за што тие пред нив разговарале.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here