fbpx Прескокни до главната содржина Opens in a new tab

МУДРОСТА НА НАРОДОТ

Концептуална визуелизација на книжевна критика како мост меѓу книга и читател во светли бои

ИСКРЕНОСТА

На искреноста, најчесто заедно со чесноста, ѝ е најтешко. Ја почитуваат, ја посакуваат, а ја злоупотребуваат и исмејуваат.

Македонски народни пословици и изреки

Луѓето простуваат сè, освен искреност.

Не му го откривај на секој човек своето срце.

Слабаците не можат да бидат искрени.

Опасно е да бидеш искрен ако не си глупав.

Улогата на искрениот човек е тешка ем мачна.

Искреноста је појќе на сон, одошто на јаве.

Пословици и изреки од народи на светот

Искреноста е единствен начин на мамење кој понекогаш сè уште успева. (Француска)

Искреноста обично доведува до пропаст. (Италијанска)

Ја сакаме искреноста само кај оние што нè сакаат, а искреноста на другите ја нарекуваме безобразие. (Англиска)

Кога луѓето би се гледале отворено, би бегале едни од други. (Руска)

Малку искреност е опасна, а многу кобна. (Германска)

Поискрена е насмевката на очите одошто на усните. (Српска)

Тешка будала е човек од кого бараат искрено мислење и тој го дава. (Арапска)

Барајте искреност, макар и со неа да се држите во пропаст, само во нејзе е спасот. (Италијанска)

Биди искрен и чесен. Не лажирај ништо. Така стекнуваш почит и доверба. (Француска)

На човек кому му ја зборуваш вистината искрено и чесно, ти всушност му подаруваш подарок. (Турска)

Латински изреки

Доцното покајание ретко е искрено. (Poenitentia sera raro est vera.)

Прочитај и за ... >>  Правописот го знаеме, но како зборуваме? За литературниот изговор и гласовите во македонскиот јазик

Едноставноста е признак на искреност. (Simplex sigillum veri.)

Искрениот совет, кој од почеток е непријатен за слухот, потоа станува пријатен. (Verum consilium, quod initio auditu grave est, postea fit iucundum.)

Оној што сака искрено, казнува сурово. (Qui bene amat, bene castigat.)

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.