Потребно време за читање: 3 минути

Уште една знаменита, позната и мошне интересна, провоцирачка светска личност зи замина од овој наш свет на минливоста. Големиот духовен учител, хуманитарец и миротворник Шри Чин Мој почина на 11-ти овој месец во Њујорк, во 76-тата година од животот.

Основни податоци од неговата биографија:

Тој е роден во Бенгал, Индија. Од својата 12-та година живееше во духовна заедница каде што 30-ина години му се посвети на духовниот живот, молитвата и медитацијата. Со доаѓањето во Америка, во 1964-та година, воспостави голем број на културни, хуманитарни и духовни мисии во 60-ина држави на светот.

Шри Чин Мој го посвети животот на промовирање на универзалните вредности на кои се потпираат сите култури и вери. Беше духовен водач на илјадници следбеници ширум светот. Својот придонес кон мирот, хармонијата и единството го промовираше преку активности во сферата на спортот, музиката, поезијата, сликарството.

Потсетувам, како голем пријател на Мајка Тереза и добитник на посланието „Мајка Тереза“, во 2003-та година Чин Мој ја посети Македонија и пред своите следбеници и почитувачи на неговиот пат одржа концерт и претстави дел од своето ликовно творештво.

Големиот духовен водач Шри Чин Мој им беше пријател и на поранешните македонски претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Прочитај и за ... >>  На дневен ред: винското грозје

Едно од позначајните дела на Чин Мој е „Простување“, во кое тој потенцира дека грешките се неизбежен, можеби и неопходен дел од човековиот живот. Понекогаш правиме погрешни работи свесно, во други пригоди ги правиме несвесно. Но, независно од тоа дали нашите грешки се големи или мали, секогаш настапува момент кога ни е потребно простување- од Бога, од други што сме ги повредиле, дури и од нас самите. Во оваа книга тој ги упатува трагачите во тајната на Божественото Простување, кое не само што може да го преобрази човечкиот живот, туку донесува и надеж и ветување за нов почеток:

„Прости, ќе бидеш среќен.
Прости и заборави,
Вечниот мир ќе биде твој
Однатре и однадвор.

ПРОСТУВАЊЕ

Простувањето е моќна божествена сила. Не е лесно да им се прости на други луѓе, уште потешко е да се заборават несовршеностите на други. Најтешко е воопшто да не се забележи ништо лошо кај други. Но, кога мислиме на Бога, ни станува мошне лесно да им простиме на други луѓе. Кога му се молиме на Бога, ни станува лесно да ги заборавиме недостатоците, ограничувањата и несовршеностите на други. Кога медитираме за Бога, ни станува лесно да не забележуваме ништо лошо кај други.

Прочитај и за ... >>  Лошо режирана и опасна врева

Ние ретко ги гледаме несовршеностите во самите себе, но затоа секогаш гледаме несовршености кај други луѓе. Што правиме кога ќе откриеме дека сме несовршени или дека сме направиле нешто лошо? Веднаш си простуваме на самите себе, или го игнорираме фактот дека сме згрешиле или, пак, одлучуваме да свртиме нов лист и тоа никогаш повеќе да не го повториме.

Доколку не им простиме на други кога ќе згрешат, доколку негуваме небожествени мисли против нив или сакаме да ги казниме, никогаш нема да бидеме вистински задоволни. За да се задоволиме самите себе, својата стварност, мораме да им простиме и на други. Простувањето е просветлување. Мораме да почувствуваме дека, простувајќи им на други, ние се просветлуваме самите себе, нашето сопствено проширено, зголемено Сопство.

Што се случува ако не простиме? Си нафрлуваме на себе си тежок товар на плеќите. Ако сум направил нешто лошо, а не се обидувам да си простам на себе си или да се посветам на себе, не ја негувам ја мислата дека сум згрешил. И секогаш кога мислам на своето недело, само ќе се зголемува мојот и онака тежок товар на вина. Исто така, ако други ми направиле неправда, колку повеќе мислам на тоа, толку потежок станува мојот товар на гнев и огорченост.

Прочитај и за ... >>  Рејтингот нема „врска“ со исходот на изборите?!

Јас морам да трчам кон својата цел. Како да трчам ако носам нешто тешко на грбот? Ќе видам како сите други трчаат мошне брзо, додека јас одвај можам да одам.

Секогаш е препорачливо да им се прости на други и да се прости на самиот себе. Пак, потребно е да знаеме кој кому простува. Како поединец, јас немам право да им простам на други, дури ни да си простам на самиот себе. Божественото во мене е она што ме инспирира својата свест да ја воздигнам кон Светлината, кон повисоката Светлина, кон највисоката Светлина. Чинот на простување значи движење кон повисока Стварност. А кога ќе ја достигнеме највисоката Стварност, стануваме едно со сеприсутната Стварност.

Сите сме ние неразделен дел од еден жив организам. Не сум целосен ако имам само две раце. Ми требаат исто така и две нозе. Затоа морам да прифаќам други како да се сосема мои. Прво ги прифаќам, а потоа ги преобразувам. А кого тоа преобразувам, ако не својата сопствена стварност која се шири?

Претходен написСветска економија
Следен написА достоинството?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here