Потребно време за читање: 2 минути

Интересни, но не и неочекувани резултати се добиени со најновата анкета на Меѓународниот републикански институт за тоа која партија колку пратенички места би освоила доколку сега има избори во Македонија. Анализата е направена со претпоставена излезност на граѓаните од 70%.

8 политички партии би влегле во собраниската сала: ВМРО-ДПМНЕ би освоила најголем број на пратенички места – 62, СДСМ во Парламентот би заземала 22 пратенички фотелји, ДУИ и ДПА во речиси изедначена позиција со еден пратеник разлика – ДУИ 13, а ДПА 12. За НСДП на Петковски проекцијата укажува на 5 мандати, ВМРО Народна на 3, ЛДП на 2 пратенички места и едно за ДОМ.

Произлегува дека само ВМРО-ДПМНЕ значително би го зголемила бројот на пратеници, а СДСМ, ДУИ и ДОМ би останале со истиот број како и сега. Останатите би изгубиле од еден мандат- ДПА, до најмногу 3- ЛПД.

Актуелниот собраниски состав брои 17 политички партии.

Со калкулациите и проекцијата на ИРИ не се опфатени 9 партии, коалициони партнери на власта или опозицијата.

Прочитај и за ... >>  Награда за голем уметник

ИРИ минатата недела објави и анкета за рејтингот на политичките партии. Во неа беше објавено дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата ДУИ бележат раст: за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 30% од испитаниците, а за ДУИ 9%. Рејтингот на СДСМ е 8%, додека ДПА има 6% доверба.

Со оглед на моментните состојби на македонската политичка сцена, а пред се однесувањето на водечката опозициона партија СДСМ- по секоја цена да се наметне „слика“ дека во Македонија се продлабочува политичката криза (откако не успеа со „недостигот од политички дијалог“), се е поголем бројот на оние експерти и аналитичари кои сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би требало сериозно да ја анализира варијантата „предизвикување“ на предвремени парламентарни избори. Само „разгледувањето“ на таквата опција, која никако не и одговара на опозицијата, поприлично би ја „смирила“ и би престанала со жестоката опструкција, пред се на работењето на Парламентот (на што веќе ја предупредува и и препорачува да се „смири“ меѓународниот „фактор“).

Претходен написГрадоначалничко „помрачување“
Следен написМакедонските судови во 2006-та

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here