Потребно време за читање: 2 минути

Кога не сме ни ваму ни таму, а и не сакаме да бидеме, секој трга на своја страна и гледа што повеќе да земе за себе од заедничкото, да оттгрне, да грабне. Му се може, му се дало, па си зема, си граба, си краде.

Имаат право оние што предупредуваат и го креваат својот глас против грабежот на секој чекор околу нас и помеѓу нас.

Од ничие станува сечие благодарение на позицијата на која е и останал да биде додека може . Или благодарение на пријателите, роднините, колегите, на оние во власта, под власта, до неа и над неа.

Меѓутоа, немаат право кога бараат да се запре грабежот не со сѐ што може да биде приватно, туку и што не може да биде државно. Тоа е враќање назад, во времето во кое не чиневме оти не ни чинеше. Напротив, во приватното е спасот затоа што никој своето не може да го краде.

Прочитај и за ... >>  Страна или настрана

С ѐ е познато, ништо нема непознато за да се докаже, ново да се каже. Само што сме ние нови, се менуваме, се променивме, а сепак од старото не можеме да се ослободиме. Од кражбата и крадците. Во правна држава не се ослободува некој од крадци, туку тие се гонат, се апсат, се затвораат таквите.

Во едно претпријатие почнал грабеж. Се собрале раководните, научиле како најлесно може да се приграби, да се присвои заедничкото, па почнале да грабаат, да присвојуваат. Малку скриено, повеќе нескриено, а никој да може, поточно да сака да ги запре. Матни времиња, матни луѓе во раководството. Организирани, договорени матно да остане додека не расчистат, додека не остане нивно сѐ.

Рипнал еден работник, не можел да трпи да го прават будала, пред очи да го крадат. Ене го на улица. Избркан, без работа и замолчен. Ни збор да му исцедиш од заби. Се обвинува себеси оти не можел да мижи, да се прави на удрен, како ништо да не се случува околу него.

Прочитај и за ... >>  Успесите во културата од исклучително значење за Македонија

А еден друг, што рипнал по него и исто така игубил работа, решил да оди докрај, правда да тера и да истера. Веројатно ќе успее. Што да успее? Да го вратат на работа, замолчен како и првиот, рамнодушен или прифатен од оние што во грабежот веќе загазиле длабоко. Да биде дел од нив. Што ли ќе грабаат, тој заедно со нив, кога веќе нема ништо за грабање?

Грабежот не може да се спречи кога сите грабаат! Секој си трга на своја страна и гледа што повеќе да земе за себе од заедничкото, да оттгрне.

Зашто сме ни ваму ни таму, а не сакаме да бидеме ваму или таму.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here