fbpx Прескокни до главната содржина

Глетка

Под една група средовечни мажи и жени необична, неповторлива глетка:

Легнале густи модри облаци врз град, го покриле сосем, што едвај да може да се здогледа последниот кат на највисоката катница; како некој да го покрил со мртви бранови на море без брегови, како да го покрил со пепел некое ветриште што го дотуркал од некоја опожарена планина, како некој да го задушил во густа пајажина која во себе ги заробила сите негови воздиви и издиви.

Групата со надежно внимание го следеа бавното движење на сонцето кон запад, чии зараци како од пеумора веќе да не се ни обидуваа да продрат низ глетката, да ја пробијат, барем процеп да направат низ густите модри облаци.

Средовечните мажи и жени се загледаа меѓусебно, молчеа долго, па најсетне едногласно решија веќе да не се симнуваат, да не се враќаат во градот. Да го напуштат засекогаш. Продолжија по врвицата кон далечниот врв на нивната планина.  

Прочитај и за ... >>  Жедување

Тукушто завршуваше рано утро.   

ЖИВОТВОРНА СОНЧЕВИНА, наративна поезија, 80

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.