loto, loto, игра на среќа, igra na srekja
Лотото е еден вид на игра на среќа во погодување на броеви
Потребно време за читање: 2 минути

Лотото е еден вид на игра на среќа во погодување на броеви

Татковината на лотото е италијанскиот пристаништен град Џенова, во кој долго време 5- мина советници на градот- република со годишен мандат во Големото собрание се избирале со извлеклување помеѓу 90-мина кандидати.

Врз основа на тоа, во 1620-та година советникот Бенедето Џентиле го вовел обложувањето во погодување кои ќе бидат извлечени.

Џеновските банки со време од оваа игра изградиле финансиска институција со која ги умножувале своите парични маси и го зголемувале градскиот буџет. Но бидејќи на почетокот имале превисоки награди, западнале во тешка финансиска положба, па и банкроти.

Познатиот авантурист Џакомо Казанова се фали во своите „Спомени“ дека во Париз во добротворни цели организирал слично лото (5 од 90), а награда од најнизок вид донесувале погодени само два броја. Казанова ја унапредил таа игра отворајќи во градот повеќе уплатни места, а наградите ги исплатувал следниот ден. За таквото лото се заинтересирал и филозофот Волтер, на чиј предлог во 1763-та година во Берлин првото лото го приредил прускиот крал Фридрих Втори Велики. Организаторот на берлинското лото пред исплатата на наградите дел од средствата издвојувал во хуманитарни цели (за незгрижени деца и девојки).

Прочитај и за ... >>  Пастел

Во некои земји лотото се воведува мошне доцна (во Австрија во 1986-та година).

Лотото се разликува од земја до земја

Во едни се погодуваат 6 од 45, во други 7 од 38 или 39 броеви, а во трети играта се темели на некој трет однос или, пак, на сите три.

Лотото може да се уплатува на обични или комбинациски (системски) ливчиња. Комбинациските ливчиња на лото на играчот му остваруваат заштеда во пишување и покривање на полн систем на оние броеви што ги играл. Некои земји (Германија) имаат и полускратени комбинациски системи.

Лото- системите можат да имаат различен степен на гаранција на добитоци, а комбинаторите развиле цела скала на играње на полни и скратени системи, условно скратени системи, системи различни според комбинацијата (интегрални, парцијални, сложени микросистеми).

Според начинот на распределба на приходите, играта лото речиси во сите земји, освен мотивацијата на играње на среќа, има и некои ераријално- фискални цели. Токму тие фискални функции, поради прекршување на законот на веројатноста и намалување на вкупната уплата на награден фонд од 50%, го наредуваат лотото во математички тн. неправедни игри.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here