Потребно време за читање: 6 минути

„Грчката драма“ е само почеток на серијата од неколку (следната ќе биде за Шпанија, па за Португалија, Бругарија, Романија…?) која во многу нешта ќе биде „посапунска“ и од „најсапунските“ ТВ серии. Имено, „грчката“ веќе се „заплеткува“ („драматизира“)- започна „онадењето“ во „врвовите“:

ЕУ чувствуваше дека Грција ја „легнува“ (се сеќавате на „евробуџетската“ лага- лажното претставување на трошењето на „евроипските пари“?), ама веројатно од „навика“ („старата дама“) тоа не и пречеше се додека не почна да излегува на виделина дека „онадењето“ започнало и во „внатрешните односи“ на Грција (придружени со криминал, корупција, неказнети во врвот на власта и партизираната јавна администрација…), доведувајќи ја во опасност стабилноста и „единството на различностите“ на сите „нивоа“.

Лондонскиот весник „Фајненшел тајмс“ предупреди дека грчката драма може да се претвори во криза, доколку финансиски не интервенира Меѓународниот монетарен фонд, а не ЕУ. Затоа што поради надворешниот долг на Грција веќе се случија серија на потреси на светсите берзи, а што сигурно ќе предизвика забавување на заздравувањето на глобалната економија од кризата, со опасност „сапуницата“ многу брзо да се „развие“ во Шпанија и Португалија. Се разбира, најголемото стравување е од она што го наведов во насловот на овој прилог- расцеп во еврозоната и почеток на пропаѓање односно „растурање“ на ЕУ.

Кон предупредувањето се „приклучи“ и Европската инвестициона банка (ЕИБ), главниот кредитор на ЕУ. Таа вчера „јасно и гласно“ порача дека не може да ја спасува Грција или која и да е друга европска земја која не може да ги плаќа своите долгови. Објави коминике во кое потенцира дека може „да ги финансира само економски надежните проекти“ и оти нејзините правила не и дозволуваат да и помага на европска членка за да го покрива својот буџетски дефицит.

Потсетување: ЕИБ годинава ќе додели 75 милијарди евра главно за истражувања во областа на енергетски ефективни автомобили или инфраструктурни проекти за посиромашните членки на ЕУ.

Зошто многумина „евроунијати“ инсистираат на сестрано помагање на Грција за таа што поскоро да се стабилизира? Да, не поради „сакање и онадење“, туку поради страв од пропаѓање на еврото како најголем „интегратор“, односно на монетарното заедништво како почетокот на, според многумина експерти, неминовното пропаѓање на ЕУ (пред некоја година беше „откриено“ и предвидливо сценарио на ЦИА).

Сосема разбирливо, „главните“ во ЕУ тоа не можат и нема да го дозволат. Во „природата“ на ТВ „сапуниците“ е тие да се одолговлекуваат, односно да траат најмалку „до 100 и назад“. Политичката поддрршка на Грција се подразбира, но таа не значи ништо доколку Грција, која засега, ама само засега не бара финансиска помош од Унијата, не ги примени сите мерки за намалување на огромниот буџетски дефицит.

Претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј, најави поддршка, но и договор за конкретна помош на ЕУ за Грција на средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, францускиот претседател Николас Саркози, германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателот на Европската Централна Банка, Жан Клод Трише, и првиот човек на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо:

Прочитај и за ... >>  Завршува скијачката сезона- познати најдобрите во Светскиот куп

„Целосно ги поддржуваме напорите на грчката влада и нејзината решеност да направи се што е потребно, вклучувајќи и усвојување на дополнителни мерки за да се осигура дека ќе се остварат амбициозни цели, изнесени во програмата за стабилност за 2010-та година и годините што следат. Ја повикуваме грчката влада ригорозно и одлучно да ги имплементира овие мерки, а со цел ефикасно да го редуцира буџетскиот дефицит за 4 % во 2010-та година“.

Интересно помош за Грција побара и шпанскиот премиер Хосе Луис Сапатеро, но и на неговата земја која е исто така во тешка финансиска положба, па и е неопходна европска помош.

Министрите за финансии на ЕУ ќе се состанат идната недела за да го усвојат новиот предлог на Европската Комисија за ситуацијата во Грција. Тој содржи низа строги мерки и препораки проследени со редовен мониторинг на Брисел. Првата проценка се очекува во март. Мониторингот може да биде продолжен.

Грчкиот дефицит достигна 12,7% од БДП, па за да ги покрие долговите Атина мора да позајми 75 милијарди долари.

Во меѓувреме, незадоволството од севкупната состојба во Грција расте, протестите и судирите со полицијата се се пожестоки. Против владините мерки за надминување на економската криза денеска штрајкуваат вработените во јавниот сектор. Тие се судрија со полициските кордони, при што употребија камења, а полицијата солзавец. Се протестира против кратењето на платите, намалувањето на пензиите и реструктуирањето на даночниот систем. На 24-часовниот штрајк им се приклучија контролорите на летови, вработените во државните болници и училишта, како и службеници од даночните и локалните власти.

Во „сапуницава“ има една „епизода“ која поради многупати докажаното лицемерие на ЕУ веројатно нема да биде слушната, забележана, ниту ќе се побара од Грција. Како што се бара, на пример, од земјите- аспиранти за членство во ЕУ (Република Македонија): силна и конкретна борба против криминалот и корупцијата. Тоа е „константата“ што ја повторуваат и демонстрантите во Грција: во кризата плаќаат само сиромашните, не и богатите (конкретно, на пример, ним им е дозволено да избегнуваат плаќање на данок). Најголемите виновници за неа- во претходната власт, околу неа и со неа, остануваат и ќе останат неказнети.

Прочитај и за ... >>  Македонски музички „евродилетантизам“

ЕУ ќе ја спаси Грција за да го одложи почетокот на сопственото пропаѓање

„Грчката драма“ е само почеток на „серијата“ од неколку „епизоди“ (следна е Шпанија, па Португалија, па Бругарија, Романија…?) која во многу нешта ќе биде „посапунска“ и од „најсапунските“ ТВ серии. „Грчката“ веќе се „заплеткува“ („драматизира“)- веќе започна „онадењето“ во „врвовите“: ЕУ чувствуваше дека Грција ја „легнува“ (се сеќавате на „евробуџетската“ лага- лажното претставување на трошењето на „евроипските пари“?), ама веројатно од „навика“ („старата дама“) тоа не и пречеше се додека не почна да излегува на виделина дека тоа- „онадењето“ започнало и во „внатрешните односи“ на Грција (придружени со криминал, корупција, неказнети во врвот на власта и партизираната јавна администрација…) доведувајќи ја во опасност стабилноста на стабилноста и „единството на различностите“ на сите „нивоа“.

Лондонскиот весникм „Фајненшел тајмс“ предупореди дека грчката драма мопже да се претвори во криза, доколку финансиски не интервенира Меѓународниот монетарен фонд, а не ЕУ. Затоа што поради надворешниот долг на Грција веќе сзе случија серија на потреси на светсите берзи, а што сигурно ќе предизвика забавување на заздравувањето на глобалната економија од кризата, со опасност „сапуницата“ многу брзо да сер „развие“ во Шпаникја и Португалија. Се разбира, најголемото стравување е од она што го наведов во насловот на овој прилог- расцеп во еврозоната и почеток на пропаѓање односно „растурање“ на ЕУ.

Кон преддупредувањето се „порикчуи“ и Европската инвестициона банка (ЕИБ), главниот кредитор на ЕУ. Таа вчера „јасно и гласно“ порача дека дека не може да ја спасува Грција или која и да е друга европска земја која не може да ги плаќа своите долгови. Објави коминике во кое потенцира дека може „да ги финансира само економски надежните проекти“ и оти нејзините правила не и дозволуваат да и помага на европска членка за да го покрива својот буџетски дефицит.

Потсетување: ЕИБ годинава ќе додели 75 милијарди евра главно за истражувања во областа на енергетски ефективни автомобили или инфраструктурни проекти за посиромашните членки на ЕУ.

Зошто многумина „евроунијати“ инсистираат на сестрано помагање на Грција за таа што поскоро да се стабилизира? Да, не поради „сакање и онадење“, туку поради страв од пропаѓањеако најголем „интегратор“, односно на монетарното заедништво како почетокот на според многумина експерти неминовното пропаѓање на ЕУ (пред некоја година беше обеледенето и сценарио на ЦИА).

Се разбира, „главните“ во ЕУ тоа не можат и нема да го дозволат. Во „природата“ на ТВ „сапуниците“ е тие да се одолговлекуваат, односно да траат најмалку „до 100 и назад“. Политичката поддрршка се подразбира, но таа не значи ништо доколку Грција, која засега, ама само засега не бара финансиска помош од Унијата, не ги примени сите мерки за намалување на огромниот буџетски дефицит.

Прочитај и за ... >>  Киднапирање на „извалкан“ политичар

Изјава на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј, најави поддршка, но и договор за конкретна помош на ЕУ за Грција на утрешната средба со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, францускиот претседател Николас Саркози, германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателот на Европската Централна Банка, Жан Клод Трише, и првиот човек на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо:

„Целосно ги поддржуваме напорите на грчката влада и нејзината решеност да направи се што е потребно, вклучувајќи и усвојување на дополнителни мерки за да се осигура дека ќе се остварат амбициозни цели, изнесени во програмата за стабилност за 2010-та година и годините што следат. Ја повикуваме грчката влада ригорозно и одлучно да ги имплементира овие мерки, а со цел ефикасно да го редуцира буџетниот дефицит за 4 % во 2010-та година“.

Средствата што ќе и бидат доделени на Грција ќе се искористат за надминување на буџетската криза.

Интересно помош за Грција побара и шпанскиот премиер Хосе Луис Сапатеро, но и на неговата земја која е исто така во тешка финансиска положба, па и е неопходна европска помош.

Министрите за финансии на ЕУ ќе се состанат идната недела за да го усвојат новиот предлог на Европската Комисија за ситуацијата во Грција. Тој содржи низа строги мерки и препораки проследени со редовен мониторинг на Брисел. Првата проценка се очекува во март. Мониторингот може да биде продолжен.

Грчкиот дефицит достигна 12,7% од БДП, па за да ги покрие долговите Атина мора да позајми 75 милијарди долари.

Во меѓувреме незадоволството од севкупната состојба во Грција расте, протерстите и судирите со полицијата се се пожестоки. Против владините мерки за надминување на економската криза денеска штрајкуваат вработените во јавниот сектор. Тие се судрија со полициските кордони, при што употребија камења, а полицијата солзавец. Се протестира против кратењето на платите, намалувањето на пензиите и реструктуирањето на даночниот систем. На 24-часовниот штрајк им се приклучија контролорите на летови, вработените во државните болници и училишта, како и службеници од даночните и локалните власти.

Во „сапуницава“ има една „епизода“ која поради многупати докажаното лицемерие на ЕУ веројатно нема да биде слушната, забележана, ниту ќе се побара од Грција. Како што се бара, на пример, од земјите- аспиранти за членство во ЕУ (Република Македонија): силна и конкретна борба против криминалот и корупцијата. Тоа е „константата“ што ја повторуваат и демонстрантите во Грција: во кризата плаќаат само сиромашните, не и богатите (конкретно, на пример, ним им е дозволено да избегнуваат плаќање на данок), а најголемите виновници за неа- во претходната власт, околу неа и со неа остануваат и ќе останат неказнети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here