fbpx

ЕДНОСТИ IV, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 66-70

66. Јасно и гласно

Мирна и брановита река крај голина.

67. Сончев зрак

Сè подалечен сончев зрак во срце.

68. Ведар дух

Дух нескротлив со светло лице.

69.  Надежна песна

Почнувам слободен во мене.

70. Шепотење

Нашите голи и будни тела занесни.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.