Потребно време за читање: 2 минути

Мудростите на големите луѓе, оние што со своето дело ја задолжиле човековата цивилизација, како и изреките, пословиците-поговорките ги запишуваме за кога врз нас ќе навали заборавот.

А и не можат да се помнат, освен оние што катадневно ни користат. Затоа што се многу, недоброј и се кажани прецизно, јасно и едноставно. Лесно можеме да згрешиме нешто во нив прекажување, а секако да им изгубиме од едноставноста.

Треба ли да бидеме еднакви во сѐ? Никако и никогаш!

Рекле за еднаквоста и нееднаквоста:

Треба само малку да размислиш и секогаш ќе најдеш дека нешто си му згрешил на човечкиот род, па макар само тоа што, поради постојната човечка нееднаквост, се користиш со извесни предности.
Имануел Кант

Ако добро промислиме, сепак сме сите голи во својата облека.
Јохан Михаел Худтвалкер

Еднаквоста е плод на фантазијата. Еден човек секогаш мора да биде повисок.
Перл Бак

Кога едни мораат да слушаат наредби на други, нема збор за еднаквост.
Готфрид Гилберт

Прочитај и за ... >>  Од "Така говореше Заратустра"

На човечката нееднаквост виновни и се и оние што се величаат себе си и оние кои себе си се сметаат за пониски.
Лев Николаевич Толстој

Пепелта ги изедначува сите: се раѓаме нееднакви, умираме еднакви.
Луциј Анеј Сенека

Нас не не раздвојува бездна, туку разлика во нивоата.
Станислав Јержи Лец

Сети се дека оној кого ти го нарекуваш роб настанал од иста материја од која и ти, дека ужива во исто небо во кое и ти, дека дише ист воздух, дека има ист живот и чека иста смрт.
Луциј Анеј Сенека

Два црни карактера, а колку со различни бои!
Станислав Јержи Лец

Неколку часа искачување на планина ќе преобрази еден светец и еден никаквец во две пријатни слични лица. Заморот е најкраткиот пат до Еднаквоста и Братството и, на крајот, Слободата ќе потоне во Сон.
Фридрих Вилхелм Ниче

Неволјата со еднаквоста е што сакаме да се изедначиме со оние кои се повисоки од нас.
Анри Бек

Прочитај и за ... >>  Законот

Неднаквоста е причина за сите движења.
Леонардо да Винчи

Димот кој се издига кон небото е подеднакво светол од колиба и од палата.
Вилјем Вордсворт

За во срцето да се одржи чувството на хуманост и еднаквост, треба да се намалат своите потреби.
Менг Це Менциус

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here