fbpx

Стихови за ноќ до утро

ДУРИ ИГРААТ  ЗБОРОВИ, сосем слободни песни

19. Избирам

Од мои зборови
собрани во игра
на крв изворна
кои уште сè уште
имаат сила
да заречат неречено
со надеж дека нема
да остават нешто
недоречено
ниту немислено
избирам неколку
кои ми се чинат
силни и доблесни
да издржат налети
на ветришта
со секавици

па почнувам до небо
да ѕидам тврдина
која до заборав
ќе ја брани сржта
на моиве
онемени коски.

(Автор: Љупчо Димитровски)

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.