Близу до крај

Препев на пев и повев

Сè предупредува
дека е близу до крај
некој или нечиј
оваа можна смисла
на постоење
на немост без трага
во бестрага.

Меѓу сè уште сè живо
и сè уште сè мртво
додека се случува
будење на гласови
ту громки ту нечујни.

А никој да одгатне
дали е и колку е близу
некој или нечиј крај
во штотуку
зародена смисла
по залуден обид
да се надмине немост
без трага во бестрага
како никогаш во луѓе
да не постоела.

=== Бесплатно рекламирање ===
Licevlice.mk

ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Сетне, поетска инсталација, 69

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.