fbpx Прескокни до главната содржина

Бидува, 301-310

Бидува

301. Наоблачува

Слегол од небо облак на земја,
а земјата жедна, пред умирање.

302. Некој

Се нашол некој
да оди на нерви.

303. Наопаку

Се прави сè колку
да се прави нешто.

304. Конкретното

Не знам зошто што-годе
нешто за нас конкретно.

305. Незнаен немир

Не заспивам, се будам,
зашто сакаш да станам.

306. Како лава

Истура лава планина
во подножје безживотно.

307. Слушни

Ти зборам и те таам
за да ме слушнеш.

308. Ќе бидеме

Сега не сме, но ќе бидеме
сеедно некогаш без нас.

309. Он чека

Чека еден голем човек
да го дознаат како човек.

310. Без грижа

Ма не ми е ништо
дека не ми е добро.

БИДУВА, поезија/двостишија, 301-310

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.