baenje, баење
Потребно време за читање: 2 минути

Сопрво беше ја угорила кацијата на огнот и му ја навртела на глаата на Велјана (од Кическо) и рекла овие зборои што сет пишани овде:

Си анѓели и анѓели на небеси,
и си светци: пресветаја Богородица,
и света Петка- прва слуга,
и света Неделица- на Велјана здравје.
Што си, црвеница ли си?
Али жолтица ли си?
Али белица ли си?
Али црница ли си?
Али црвена ли си?
Али жолта ли си?
Али бела ли си?
Али румена ли си?
Али зелена ли си?
Да избегаш од Велјана!
Немат у него: ни јадење, ни пиење,
Ни лежење, ни спиење.
Да се исчистиш од Велјана,
Да се сториш високи праои,
Да прошеташ рамни друмои,
Да си одиш во поле широко,
Од поле во високи планиње.
Да се исчистиш од Велјана
Како бистро сонце,
Како бистра солза,
Како Богоројчин кладенец,
И да си појдиш високи планиње,
Кај што деца не се крштаваат,
Кај што се невести не венчаваат,
Кај што се луѓе не миросуаат;
Тамо имат трева зелена,
Тамо имат вода студена,
Тамо имат мека постела;
Да се исчистиш од Велјана,
Како од кошута млеко,
Како јасна месечина,
Како бистра солза
И како Богородичен кладенец.
Да избегаш од Велјана.
Од раце, од нозе и прсти,
Од глава, од очи и уши,
Од снага и срце
И од седумдесет и седум зглобои!

Прочитај и за ... >>  Зошто вапсуаме јајца црвени на Велигден

Дури ја редила таа молитва, баба Мара и кацијата ја држала жешко близу до глаата од Велјана, и за прв пат коа ја дорекла, му дувнала силно во глаата.

Втори пат ја рекла таа молитва и трети пат коа ја дорекла, пак силно дувнала во глаата од Велјана.

Со ова баење баба Мара лекуат турли- турли болести и со прв пат баење ако не му оздравит на чоека болеста, втори пат ќе му баит. Најпосле до три пати и коа со рака ќе му поминело.

Коа баела баба Мара1) болеста на кацијата ќе ја изнајдела каква била, чунки сама је се јавуала на кацијата; чунки коа му бајала на Велјана, му се јавила негоата болест на кацијата.

-Еве’а, синко Велјане, твојата болест- му рекла- ја на кацијава ми се јави.

-Арно ти се јави, бабо- је рекол Велјан- ами што болест ми је, мори бабо?

-Црвеница ти је, синко- му рекла- ич не бери гајле, ќе ми ти оздрави веднаш, оти мене мошне ми је по рака.

Прочитај и за ... >>  Христијанската молитва

-Ами да не је греота, мори бабо, дека ми баиш?- је рекол Велјан.

-Ууу, синко, како је греота, кога моето баење и попоите го пеат!- му рекла бабата.

1) Бев чул за баба Мара од свет оти била мошне мариветчија и неколку пати ја молив да ми кажи за да го пишам, арно ама неќеше да ми кажи, да не је се расипит баењето, чунки жената што и кажала со клетва ја заколнала за на смртнио час да кажи. До пет лева и таксав да ми кажи и пак не ми кажа. Пред некој се ден се погодиво една куќа син ми Коста, кај што му баела баба Мара на Велјана и ја отписа бајачката од прочуената баба Мара. Баба Мара била асли од Велес, сега брго дојдена во Софија, според нејзиното кажуање.

(Запишано од М. Цепенков)