Потребно време за читање: 2 минути

И самата разбирајќи дека се вовлекла во небулозен, ступиден „спор“, а слушајќи и чувствувајќи дека и отчuкуваат последните не пет минути, туку минута-две, се обидува да ја стави в уста последната „сламка на спасот“ (наводниците можеби не се потребни).

Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани нуди компромис: терминот Македонија ќе може да стои во евентуалното компромисно име, доколку тоа е дообјаснето со друг термин кој ќе ја разликува земјава од географска Македонија. Таа апелира до Владата во Скопје двете земји „да ја спуштат топката“ и да најдат брзо решение прифатливо за двете страни.

Би било интересно Бакојани да дообјасни која е „географска Македонија“ и на која „географска“ земја, при такво решение, би и припаѓала Република Македонија. Не е јасно како некој советник не и сугерирал на Г-ѓата дека со ваков предлог покажува основно непознавање на нештата (не мислам само на географијата и историјата) и крајна инфантилност.

Прочитај и за ... >>  Македонија и ЕУ: конзистентност и доследност

Одговарајќи на пораките од Грција, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски од Охрид, на маргините од Балканскиот медиумски форум, порача дека пред се поради регионалната стабилност Грција треба да ја поправи грешката од 1992-ра година, кога поради името паѓаа владите во Атина:

„Никој друг во светот, ниту медиумите, ниту други држави, немаат никаков спор во врска со уставното име, и тоа станува реалност која е се повеќе прифатена. Второ, Македонија во разговорите кои се одвиваат во Њујорк ја користи силата на аргументите, а Грција се обидува да ги користи аргументите на силата, што не е добра порака“.

И веснникот „Катимерини“ како да го фаќа паника. Објави серија на коментари во последниве 2 месеца, а последниот, 5-ти на ред, е всушност повик до грчката јавност за брзо решавање на спорот. Според весникот, Владата, опозицијата и медиумите мораат да ја преземат одговорноста и храбро и прагматично да прифатат комплексно решение на спорот за името, затоа што во иднина ќе нема друга шанса за достоинствено решение на проблемот.

Прочитај и за ... >>  Името на Македонија и НАТО

Како своевидна предупреда за Грција е посочувањето на претседателот на Комисијата за одбрана во словенечкиот Парламент, Антон Андрелиќ, дека грчкото оспорување на името нема да биде пречка за прием на Македонија во НАТО:

„Името нема да биде пречка. Грција ќе проба да ве блокира, непријатно е тоа да се слуша секој ден, но да го запре процесот врз таа основа, мислам дека повеќето членки нема да и дозволат да го направи тоа“.

Претходен написПотсмев на „научникот“ Ал Гор и барање да го врати „Оскарот“
Следен написКој посакува полошо?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here