Love Happy Woman Human Romance Pair Man
Потребно време за читање: 2 минути

Не морате да верувате дека се тоа. Ако сте направиле некој од нив, не значи дека сте грешни. Можеби имате лични такви двојно повеќе.

Во секој случај, добро е предупредувањето пред да ги наведеме избраните од стручњаци за меѓуполови односи: да не кажете дека не сте предупредени на она што ја убива врската.

Напомена:
Прилогов не е за мажите и не би требало да им е интересен за читање, „студирање“ и практично проверување. Може само да им даде „на знаење“.

Немојте да брзате со сексот

Не постои точно време кога би требало да имате секс. Но ако дозволите тоа да се случи пред вашиот потенцијален партнер навистина да ве запознае, ризикувате да бидете една од групата жени со кои само флертува и да го изгуби интересирањето за вас.

Мажот кој ќе го потроши своето време во запознавање и ќе ги цени другите ваши квалитети освен физичките, сака да му бидете девојка. Затоа не плашете се малку да почекате пред да станете интимни со него.

Прочитај и за ... >>  Меѓуполова загрозеност

Не се отворајте пребрзо

Не е умно веднаш да му ги раскажете сите ваши животни случки. Иако е природно да сакате што повеќе време да минете со него за да се запознаете и да го зајакнете односот, некои информации за себе оставете ги за подоцна.

Не викајте го често и не претерувајте со пораките

Мажите уживаат во улогата на ловец, па затоа немојте вие да бидете таа која ќе лови. Ако пречесто го викате, тој може полека да го губи интересирањето за вас. Затоа спуштете го телефонот, забавете и пуштете го него да се препотува.

Немојте да го шпионирате

Можеби ве мами неговиот мобилен, но ако ве фати дека го шпионирате и ги проверувате повиците и пораките, довербата во стартот е разнишана.

Не глумете оргазми

Лажирањето на оргазмот дејствува како мала, бела лага, нели? Е, па не е баш така, на долги патеки со таквото однесување си правите повеќе штета на себеси отколку корист, зашто тој ќе мисли дека ви се допаѓа тоа што го прави во креветот.

Прочитај и за ... >>  Љубов, секс и книги

Не очекувајте дека ќе се промени

Луѓето не се менуваат кога се формирани како личности, особено не мажите. Затоа, ако кај него ви пречат многу работи, подобро сменете го со друг.

Не запоставувајте се себеси

Иако е важно да се негува врската, да се жртвувате и да трошите многу време на неа, игнорирањето на сопствените потреби е голема грешка. Било да сте во врска или не, секогаш ставете се себеси на прво место.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here