fbpx Прескокни до главната содржина

55-57

Секидневие, дело во создавање, автор: Љупчо Димитровски

55. Слика

Еве слика што се движи

нанапред и наназад
менувајќи ја
својата содржина
ту со сè живо во неа
ту со сè мртво
ту со сè што зрее
и презрева мигум.

Слика на некој сликар
кој живеел
помеѓу многу векови
минати
на една негова
единствена игра.

Црна слика со сончеви
изгреви и залези
на сите страни.

56. Во движење

Нема човек меѓу луѓе
кој  се движи непрестано
кон негде кон сегде
може и кон нигде
без здив.

Не од вчера или од утре
како од денес
туку од раѓање до смрт
без здив.

Затоа што секој човек
меѓу луѓе
ита кон само негова цел
недостижна.

57. Дали биле

Он и она не знаат
дали биле некогаш
овде и сега
додека се случуваат
мигновени промени
во плитки и длабоки
корени
на дрвја разгранети
источни.

Он и она не мислат
дека биле некогаш
каде било
кога им се случиле
ненадејности
во нивната љубов
откако се разделиле
премалени по ноќ
огнена
на страсни игри.

Прочитај и за ... >>  ТЕКОВИ, раскази/ескизи, 66

СЕКИДНЕВИЕ, Расположби, поезија/припеви

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.