Потребно време за читање: 6 минути

Сте чуле ли за 10-те најсексипилни жени во светската историја? Знаете кои се тие?

Многупати досега е потврдено дека женската убавина отсекогаш била и е најмоќното оружје со кое паметните жени се служеле вешто за да ги постигнат своите цели. Списанието „Селектор њуз” направи рејтинг на најсексипилните жени кои оставиле траги во минатото на светот. Се раководеле не само од убавината на жените, туку и од нивното влијание врз текот на светската историја и умовите на современиците. Сите дами што се избрани се неразделен дел од светската култура. Поради „чистота на експериментот” ги исклучиле маникир-дамите кои заработиле име на забавувачкото поле.

Избраните жени не ги есапеле вулгарните вкусови на публиката, ниту, пак, зависеле од општественото признание, но од аспект на сексипилот со нив не може никој да се мери.

Жаклина Кенеди Оназис

Исклучителна убавица која стана позната многу години пред да влезе во Белата куќа. Џеки О., како што нагалено ја нарекуваа Американците, првпат се појави пред јавноста во 1947. година и веднаш е прогласена за „Дебитантка на годината“. Не чуди што наскоро за убавата, паметна и елегантна девојка од добро семејство се заинтересирал прочуениот женољубец Џон Кенеди.

Прва дама на Америка Жаклина стана кога имаше 31 година, што е речиси рекорд во историјата на американскиот институт претседателска власт. Образована, интелигентна, прва дама со надворешност на модел. И како таква Америка ја засака на прв поглед. Благодарение на љубовта спрема уметноста и музиката, во Белата куќа завладеа артистичка, боемска атмосфера. Жаклина Кенеди и денес останува најсексипилна прва дама на Америка.

Клеопатра

Во последно време и историчарите и обичните луѓе полемизираат за убавината на Клеопатра, а најмногу се „трошат“ за одговор на прашањето дали египетската царица била убавица. Ова особено поради нејзиниот „ненормално“ голем-долг нос. Меѓутоа, треба да се знае дека во древниот Египет токму таквиот-изразен нос се сметал за вредност, верен знак на силен карактер и нескршлива волја.

Римскиот историчар Касиј Дио вака ја опишал Клеопатра:

„На нејзината убавина и немаше рамни, гласот и беше кроток и продорен, а освен тоа умееше да се наметне и да најде приод до секого“.

Доказ дека нејзиниот нос воошто не „влијаел“ врз убавината, туку напротив, е тоа што „имала нос“ да ги восхити и претвори во свои робови најпознатите мажи на големата империја-Јулиј Цезар и Марко Антониј. Антониј толку се позабавил со египетската царица што заборавил на жената од угледен род, која трпеливо го чекала во Рим, па ја зел Клеопатра за жена.

Прочитај и за ... >>  Изострете го шестото сетило

Марта Вашингтон

Благодарение на трудот на цел легион на историчари, координатори на музеи и антрополози, утврдено е дека првата дама на Америка, сопругата на претседателот Џорџ Вашингтон, Марта Вашингтон, не била одвратна старица со голем подбрадок, како што е прикажана на мал број на портрети. Таа била убавица, уште и сексипилна убавица!

Со помош на современите компјутерски технологии е направен портрет на мис Вашингтон во младоста. Како што се утврдило, под мрежата од брчки и сало се криела прекрасна бринета.

Мата Хари

Танчерка на езготични танци, поточно стриптизета во Париз од времето на Првата светска војна, Мата Хари работела за разурнувачките служби на две непријателски држави, односно била двоен агент. Во Франција се преселила од родната Холандија и брзо се прославила благодарение на изведбата на „непримерени“ танци, разузданоста и желбата да го изложи голото тело, што на почетокот од 20. век била реткост. Бидејќи во војната Холандија ја задржала неутралноста, Мата Хари како нејзина државјанка можела слободно да ги преминува границите. Им била љубовница на многу високи чинови на француската армија од тоа време.

Во 1917. година агенти на француската рзурнувачка служба ја „пресретнале“ со соопштение од Германија кое содржело опис на германски агент во Париз кој дејствувал под шифрата Н-21. Французите набрзо утврдиле дека под тоа име се крие Мата Хари и ја осудиле на смрт со стрелање. Пресудата е извршена.

Кај злобниците-шпионки од „Бондијана“ секогаш постои нешто опасно и привлечно, а Мата Хари е реална личност што ја правело уште попривлечна.

Принцеза Дајана

Позната според својата нежна убавина, беспрекорен вкус, харизамтичност и добрина, Дајана Спенсер се прослави во целиот свет благодарение на бракот со наследникот на британскиот престол, принцот од Велс. Дајана му вдахна нов живот на темелно натопената со нафталин британска аристократија. Нејзината елегантна облека во креација на најпознатите светски модни креатори не шушкаше, како што тоа било дотогаш вообичаено кај аристократкињите.

Дајана важи за најфотографирана личност на светот. За жал, успехот на репортерот беше и причина за нејзината трагична смрт.

Според резултатите од една анкета што ја спроведе Би-Би-Си, Дајана се најде помеѓу тројца највеличествени Британци на сите времиња, пред Чарлс Дарвин и Маергарет Тачер. Иако е таа, се разбира, посексипилна од нив.

Прочитај и за ... >>  Кога почнале да се користат парфемите?

Елизабета I

Уште во 17. век, четири века до Pušycat Dolls, Елизабета ги убедувала сите:

„Мене не ми треба маж“.

За рацете на кралицата-девица се „џапале“ највлијателните монарси на тоа време, помеѓу нив и рускиот цар Иван Грозни, како и претставници на најпознатите аристократски семејства на Европа. Вродената вообразеност и манирите на „недопирлива“ мажите буквално ги доведувале до лудило зашто, како што се знае, забранетото овошје е најслатко, особено ако со него оди и царскиот трон. Се зборувало дека Елизабета I последен пат одбила претендент кога имала 48 години, а тоа бил херцогот Франсоа Анжујски, 22 години помлад од неа.

Суњ Чин Лин

Позната во Кина како „мајка на нацијата“, Суњ Чин Лин си обезбеди место во историјата со добротворната работа и активната борба за мир и интернационализам. Кинезите ја сакале нејзината убавина, елегантниот стил, образованоста и паметта. Патем речено, образованието Суњ Чин Лин го стекнала во САД, а на почетокот од 20. век со тоа можеле да се пофалат мал број на кинески жени.

Враќајќи се во татковината, таа одбила да ја прифати подготвената улога на послушна жена и си допуштила на себе си јавно да ја критикува работата на владата помеѓу чии членови, меѓу другите, се наоѓале и нејзини роднини. По доаѓањето на Комунистичката партија на власт напорите на Суњ Чин Лин се оценети по заслуга-подоцна таа е прогласена за почесен претседател на Народна Република Кина.

Марија Антоанета

На 14 години Марија Антоанета била мажена за 16-годишниот француски крал Луј 16-ти. Тој брак бил склопен исклучиво од политички мотиви. Младешката златокоса и русокоса австриска принцеза ги обожувала модата, баловите и додворувањето, па мошне брзо ја освоила љубовта на Французите.

Младата кралица важела за исклучително морална личност, била талентирана за музика и радо му помагала на секој што и се обраќал за помош. Освен тие чисто женски квалитети, Марија Антоанета имала и поприлично одлики на машки карактер- обожувала јавање, хазардни игри и се чувствувала извонредно во машко друштво. Со еден збор, Луј 16-ти имал среќа, само е штета што него го интересирале сосема други убавини.

Воопшто не чуди што репутацијата на кралот изродила и гласини за многубројни романси на кралицата, како со мажи исто така и со жени. Според тоа, Марија Антоанета е една од најскандалозните жени на овој список.

Жан Д’Арк (Јованка Орлеанка)

Постои нешто неодоливо сексипилно во таа селска француска девојка, која на бојното поле натерала на бегање илјадници мажи. Замислете ја во блескави оклопи…Зарем тоа не е фетиш? А Жан растела на обична селска фарма, само во необично време, во периодот на стогодишната војна помеѓу Франција и Англија.

Прочитај и за ... >>  Жената и заблудите за мажот

На 12 години и се случиле првите сеништа, и се јавиле светци кои и наредиле да се истераат окупаторите- Англичаните од француската земја. На 16 години таа ги предводела воените сили на Французите и победила во неколку важни битки, што рерзултирало со силно слабеење на Англичаните, кои дотогаш биле посупериорни.

Жан била принудена да носи машка облека и да се стрижи кратко, за мажите кои ја опкружуваат во неа да не видат жена, односно сексуален објект. Без оглед на малата висина, целосното воено неискуство и нежната возраст, Жан успеала да поведе со себе цела армија и да ги убеди во победата на Фрација двојно постарите од себе искусни војници.

Шарлота Бронте

Минатото на најстарата од трите сестри Бронте, кои оставиле бележита трага во англиската литература, е обвиткано со тајна. Книжевните критичари убедуваат дека Шарлота била премногу врзана за татко и, парохиски свештеник кој не се занимавал со воспитување на децата (нејзината мајка умрела рано) и никогаш спрема неа и нејзините сестри не негувал особено топли чувства.

Најпознатиот роман на Шарлота Бронте „Џејн Ејр“ ја направи знаменита во кругот на британската аристократија и стана вистински манифест на феминизмот за неколку генерации на жени.

Без оглед на популарноста, Шарлота водела хармоничен начин на живот, давајќи му предност на читањето на книги наместо на бучната веселба. Замислете Шарлота да ви го чита својот роман на глас под светлината на свеќа…Зарем тоа не би било сексипилно?

(Заб.: текстот е преведен со незначителни измени и скратувања)
________________
Инаку, британскиот месечен магазин за животен стил на британски мажи FHM секоја година објавува листа на 100 најсекси жени на светот. Првата беше објавена во 1995 година, а „нај,нај,нај“ беше германскиот супермодел Клаудија Шифер. Од 1996 до 2015 година гласаат милиони читатели. Подоцнежни победнички биле тенисерка Ана Курникова, американската артистка Хали Бери и Џенифер Лопез. На 36-годишна возраст, Бери е најстарата жена која некогаш била на врвот на листата, а Лопез е прва изгласана повеќе од еднаш. Заклучно со декември 2017. година, актуелен носител на најсекси жена е актерката Гал Гадо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here