Потребно време за читање: < 1 минути

Постојат неколку спортови во кои од поодамна големите светски, европски и национални успеси и рекорди се мерат со делови од секундата. Два се „најпримерни“: атлетиката, пред се тркачките дисциплини, и пливањето. Подобрувањето на резултатите односно на времињата во нив дури и ја губи смислата кога се работи за стоти или илјадити делови од секундата. Меѓутоа, од друга страна токму тоа го предизвикува човекот да го бара и да не го наоѓа одговорот на прашањето: постои ли конечна победа на „брзото“ време?

Нови рекорди што сигурно брзо ќе бидат урнати:

На Пливачкото првенство на САД Бренд Хенсен го подобри својот личен, светски рекорд на 100 метри градно. Исплива со време од 59 секунди и 13 стотинки.

На Европскот првенство во Будимпешта, пак, Германката Брита Штефен на 100 метри слбодно постигна резултат од 53 секунди и 30 стотинки, што е за 13 стотинки подобро резултатот на Лизбет Лендон од Австралија постигнат пред 6 месеци.

Прочитај и за ... >>  Случај што ќе се забошоти

Лор Манаду го освои првото злато уривајќи го 19 години стариот европски рекорд на 800 метри слободно. Со резултатот 8.19.29, Манаду за 24 стотинки го подобри претходното најдобро време на Германката Анке Меринг.

Уште една голема европска ѕвезда, Холанѓанецот Питер Ван Ден Хогенбанд, дојде до првото злато на првенствотона 200 метри мешано. Украинецот Ласло Чех беше најбрз на 200 метри мешано. Гана Клистунова од Украина стана европска првенка на 100 градно. Французинката Естер Барон триумфира на трката на 200 метри грбно.

Претходен написПоследици од глобалното затоплување
Следен напис„Витешка инвазија“ на Македонија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here