Потребно време за читање: 4 минути

Не е сѐ во безусловната љубов, шпто е неспорна. Тие можат и да ве излечат од болести и пореметувања, можат да ви помогнат да напредувате и спречуваат срцев и мозочен удар.

Еве што сѐ миленичињата можат да направат за нас:

Го намалуваат стресот

Едно истражување покажало дека лица кои изведуваат некоја стресна задача чувствуваат многу помалку непријатност и анксиозност кога со нив се миленичиња. Во некои болници за рехабилитација е дозволено да се доведе милениче, а тие често се препорачуваат и како терапија.

Го намалуваат крвниот притисок

Во некои истражувања миленичињата се покажале како лековити, најчесто кај хиперсензитивните или лицата со голем ризик од висок крвен притисок. Покажано е дека кога имате куче во близина, вашиот притисок е низок. Сѐ може да се изгуби, но наклонетоста на вашиот лековит пријател никогаш.

Ја ублажува болката

Најдобар лек против мигрена и артритис е милениче кое влијае врз вас како валиум. Валиумот ја намалува анксиозноста, а кога неа ја нема нема ни болка. Во едно истражување е покажано дека на пациенти во постоперативно опоравување не им биле потребни толку лекови ако имале миленици покрај себе.

Го намалуваат нивото на холестеролот

Ова посебно важи за мажите-ако имаат милениче, нивото на холестерол значително се намалува, како и триглицеридите. Меѓутоа, во овој случај не се знае точно дали е тоа поради миленичето или затоа што лицата кои имаат домашно милениче водат поздрав начин на живот.

Спречуваат мозочен удар

Иако често се зборува за кучињата, мачките се мошне битни во зачувувањето на здравјето на нивните сопственици. Ако имате мачка, имате 30% помали шанси за срцев удар и 40% помали шанси за мозочен. Миленичињата ќе ви помогнат и да се опоравите ако дојде до некој проблем- ако имате куче, а сте доживеале срцев удар, бидете сигурни дека нема да умрете.

Прочитај и за ... >>  Шарпланинец

Го контролираат нивото на шеќер во крвта

Една третина од миленичињата кои живеат со лица заболени од дијабетес (најчесто кучиња, но и мачки, птици и зајаци) ќе го променат однесувањето кога ќе почувствуваат дека шеќерот во крвта опаднал. Поради тоа се советува дијабетичарите да набават некое од тренираните кучиња кои можат со леснотија да препознаат опасност. Се верува дека кучињата се успешни оти умеат да ги почувствуваат хемиските промени кај сопственикот кои значат дека нивото на шеќер е прениско.

Спречуваат алергии и го подобруваат имунитетот

Истражување покажало дека деца од 5 до 7 години одат на училиште 3 недели повеќе од оние деца кои немаат милениче. Исто така, се смета дека ако сте имале повеќе миленичиња како дете, ќе немате толку проблеми со алергиите. Докажано е дека деца кои израснале на фарма немаат воопшто проблем со алергии зашто таквиот живот е еднаков на имунотерапија. Процесот не е реверзибилен, што значи дека ако се обидувате да го надоместите немањето на милениче во детството со некое во подоцнежниот живот, ќе немате успех.

Го помагаат развојот кај децата

Кога детето е врзано за куче или мачка полесно научува да искажува чувства и да се зближува со сите живи суштества. Научно е докажано дека сите миленичиња го помагаат развојот на аутистичните деца и децата со ADHD, зашто ги учат да одржуваат внимание и да прифаќаат одговорност.

Го поправаат расположението

Лицата со миленици повеќе се смеат и со самото тоа имаат подобро расположение. Кога ќе дојдете дома, вие сте ѕвезда, никој не ви се радува толку како вашето животно. Поради тоа тие се користат како дел од секакви терапии. Исто така, полесно се вклучувате во општествениот живот и во група на сосема непознати лица, помала е стапката на самоубиства (потврдено во експеримент во кој учествувале војници со посттравматски стрес). Животното бара лојалност и грижа, а истото тоа и го дава.

Прочитај и за ... >>  Сѐ побрзо исчезнува животинскиот свет

маче mace

Група психолози од универзитетите во Сент Луис и Мајами заклучила дека миленичињата имаат мошне важна социјална улога, дека можат да им овозможат на сопствениците создавање на поголема самопочит и подобра здравствена состојба.

Физичкиот аспект од позитивното влијание на миленичињата опфаќа играње со нив, како трчање, шетање, со што се одржува одредена физичка активност која може дури и да спречи појава на дебелеење. Во просек сопствениците на кучиња практикуваат некој вид на активност околу 30 минути најмалку 5 дена неделно. Станува збор за количество на физичка активност што стручњаците и инаку го препорачуваат како минимум потребен за одржување на здравјето.

Истражувањето било извршено во три фази. Во текот на првата 217 учесници пополнувале прашалници за да бидат проценети елементите според кои се разликуваат сопствениците на домашни миленичиња од оние што ги немаат. Во текот на втората биле испитувани 56-мина сопственици на кучиња за кои е утврдено дека ги поттикнуваат самодовербата, припадноста и оти му даваат смисла на постоењето. Во третата фаза се покажало дека миленичето му помага на својот сопственик во моменти кога ќе се почувствува отфрлен.

Едно истражување на медицинските факултети во Бостон и Синсинати покажа дека кучето може да биде корисно при ублажување на симптоми на детски екцем. Децата од селските средни поретко имаат астма од децата в град токму затоа што се повеќе изложени на контакт со поголем број животни.

Прочитај и за ... >>  Животните ги разбираат луѓето?

Научни истражувања во повеќе земји, меѓу кои и Јапонија, покажуваат дека домашните миленичиња можат да бидат корисни за задоволување на некои психолошки потреби на луѓето, но и за намалување на стресот. Степенот на анскиозност е помал кај возрасни кои имаат домашно милениче затоа што односот со него може да ги компензира фрустрациите предизвикани од потиснување на психолошки потреби, меѓу кои се непосредната комуникација, допирањето и искреноста во манифестациите на чувствата.

Animal-Assisted Therapy (AAT), или Терапија со помош на животни, е идеја на психологот Борис Левинсон кој во 50-тите години на минатиот век открил дека неговиот пес Џинглес му помогнал на аутистично дете на кое тој не можел да му помогне.

Најчесто користени жвиотни во AAT се кучињата, но од помош се и мачките, птиците, зајаците, делфините и во модерново доба коњите. Според некои научници, многумина луѓе позитивно реагираат и на фотографија на животно, а камо ли на интеракција со него.

Животните помагаат да се намали притисокот и го потпомагаат чувството на смиреност. Тие овозможуваат пациентите да бидат поекстравентни и подобро вербално да се изразуваат. Животните го намалуваат чувството на самотија и ја зголемуваат самодовербата.

Научникот Сузан Ли тврди дека животните им помагаат на луѓето зашто имаат чувство на емпатија и ви дозволуваат да им се доближите и да ги допрете, односно да им ги покажете емоциите. Спонтани се и забавни. Животното често дава безусловна љубов каква што ретко се пронаоѓа кај луѓето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here